Марко 9 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

1 13,30; Рим 1,4 И Исус им рече: „Вистина ви велам: има некои од овие што стојат овде, кои нема да вкусат смрт додека не го видат царството Божјо, дојдено во сила.“

Исусовото преображение(Мт 17,1-9; Лк 9,28-36)

2 1,29; 5,37; Лк 8,51 А по шест дена, Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и ги одведе само нив на една висока гора; и се преобрази пред нив.

316,5; Мт 28,3; Откр 3,4Алиштата Му станаа сјајни, многу бели, како снег, какви што ни валавичар на земјата не може да избели.

44 Цар 2,11-12; Мт 11,14И им се јави Илија со Мојсеј, и раз­го­вараа со Исус.

510,51; 11,21; 14,44-45Тогаш Петар проговори и Му рече на Исус: „Рави, добро ни е да бидеме ов­де; да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“

614,40Зашто не знаеше што да каже, би­дејќи беа многу уплашени.

71,11; 5 Мојс 18,15; 3 Мојс 16,2; Мт 17,5; Дела 3,22; 2 Птр 1,17И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас што велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го!“

8И одеднаш, кога погледнаа наоколу, веќе никого не видоа покрај себе, освен Исус.

91,34; Лк 9,36А кога слегуваа од гората, Тој им за­по­веда никому да не кажуваат што ви­де­ле, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите.

10И го задржаа тој збор во себе, пра­шувајќи се еден со друг што значи тоа: „Да воскресне од мртвите?“

За Илија(Мт 17,10-13)

11 Мал 3,23 И Го прашаа, велејќи: „Зошто книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“

128,31; Ис 53,3; Мал 3,23-24; Пс 21,1-17А Тој им одговори и рече: „Навистина, најнапред ќе дојде Илија и ќе уреди сѐ; а Синот Човечки, како што е напишано за Него, треба да пострада многу и да биде понизен.

133 Цар 19,2.10; Мт 11,14Но ви велам дека и Илија дојде, и му на­пра­вија што сакаа – ка­ко што е напишано за него.“

Исцелувањето од нечист дух(Мт 17,14-21; Лк 9,37-43)

14И кога дојде кај Своите ученици, виде многу народ околу нив и книж­ни­ци како се препираа со нив.

15И сиот народ, веднаш штом Го виде, се зачуди; и притрчувајќи кон Него, Го поз­дра­вуваа.

16Тој ги праша книжниците: „Зошто се препирате со нив?“

17Па одговарајќи, еден од народот рече: „Учителе, го доведов кај Тебе син ми, во кого има нем дух;

18и секогаш, каде и да го фати, го кутнува, и тој се запенува, чкрипи со забите и се здрвува. И им кажав на Твоите ученици да го изгонат, но тие не можеа.“

19Мт 12,39А Исус одговори и рече: „О, неверно поколение, до кога ќе бидам со вас? До ко­га ќе ве трпам? Доведете го кај Мене!“

20И го доведоа кај Него, и штом Го виде, духот веднаш го стресе момчето, и тоа падна наземи и се прпелеше запенето.

21Исус го праша татко му: „Колку време тоа му се случува?“ Тој одговори: „Од детството;

22и многупати духот го фрлал во оган и во вода, за да го погуби: но, ако можеш, смилувај се над нас и помогни ни!“

235,36; 11,23-24; Лк 17,6А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш – сѐ е можно за оној што ве­рува!“

24Лк 17,5И таткото на момчето веднаш из­вика и со солзи рече: „Верувам, Гос­по­ди, помогни му на моето неверие!“

251,25; Лк 4,39А Исус, гледајќи дека се собра народ, строго го прекори нечистиот дух и му рече: „Духу нем и глув, Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!“

261,26И духот вресна, силно го стресе и из­лезе; а момчето беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело.

271,31; 5,41Но Исус го фати за рака и го исправи; и тоа стана.

28И кога Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истера­ме?“

29И им рече: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.“

Исус по вторпат ги навестува Својата смрт и Своето воскресение(Мт 17,22-23; Лк 9,43-45)

30И кога излегоа оттаму, минуваа преку Галилеја; а Тој не сакаше некој да дознае.

318,31; Мт 20,18-19Зашто ги учеше Своите ученици и им велеше дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат и на третиот ден по убивањето ќе воскресне.

324,13Но тие не ги разбираа овие зборови, а се плашеа да Го прашаат.

Кој е најголем?(Мт 18,1-5; Лк 9,46-48)

33И дојде во Капернаум; и кога беше дома, ги праша: „Што се расправавте меѓу себе по патот?“

34Лк 22,24Но тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓу себе кој е најголем.

3510,43-44; Мт 20,26Тој седна и ги повика дванаесеттемина, па им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите и служител на си­те!“

36И зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече:

37Мт 10,40; Лк 10,16; Јн 13,20„Кој прима едно од ваквите деца во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Мене Ме прима, туку Оној што Ме пратил.“

Кој не е против нас, тој е со нас!(Лк 9,49-50)

38 4 Мојс 11,28 Тогаш Јован Му одговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој не врви по нас, а во Твое име изгонува демони; и му забранивме, зашто не оди по нас.“

391 Кор 12,3А Исус рече: „Не бранете му, заш­то никој што прави чудо во Мое име, наскоро не ќе може да злослови за Мене.

40Мт 12,30; Лк 11,23Зашто, кој не е против вас, тој е со вас.

41Мт 10,42; 1 Кор 3,23И кој ќе ве напои со чаша вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата на­града.“

За соблазната(Мт 18,6-9; Лк 17,1-2)

42 Мт 5,29 „А кој ќе соблазни едно од овие ма­ли, што веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да се фрли в море.

43Мт 5,30И ако те соблазнува твојата рака, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку со две раце да отидеш во пеколот, во не­изгасливиот оган,

44каде што нивниот црв не умира и огнот не изгаснува.

45И, ако те соблазнува твојата нога, отсечи ја; подобро е за тебе куц да влезеш во животот, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пе­ко­лот, во неизгасливиот оган,

46каде што нивниот црв не умира и огнот не изгаснува.

47Мт 5,29И, ако твоето око те соблазнува, из­вади го; подобро е за тебе со едно око да влезеш во царството Божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во ог­нениот пекол,

48Ис 66,24каде што нивниот црв не умира и огнот не изгаснува.

493 Мојс 2,13Зашто секој со оган ќе се посоли и секоја жртва со сол ќе се осоли.

50Мт 5,13; Лк 14,34; Кол 4,6; Рим 12,18; 1 Сол 5,13Солта е добра; но ако солта го изгуби вкусот, со што ќе ја зачините? Имајте сол во себе, и мир имајте меѓу себе!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help