Дела 27 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Павле е испратен во Рим

1Кога беше одлучено да от­пло­виме за Италија, Павле и неколку други затвореници ги предадоа на еден стотник по име Јулиј, од царската чета.

2.

15Па откако го зграби коработ, бидејќи тој не можеше да му се противстави на вет­рот, се препуштивме на брано­вите да нѐ носат.

16Минувајќи во заветрината на едно островче, кое се вика Клавда, одвај успеавме да го задржиме бродот.

17Кога го извлекоа, употребија помошни средства и го врзаа коработ одоздола; и плашејќи се да не се на­сукаат на Сирти, ги спуштија едрата и така бев­ме носени.

18Но бидејќи бевме сил­но удирани од бу­рата, следниот ден почнаа да го ис­фрлаат товарот,

19Јона 1,5а на третиот ден сами со свои раце ја исфрлаа опремата на коработ.

20Во текот на многу денови не се појави ни сонце, ни ѕвезда, а беснееше и прилично силна бу­ра, така што веќе исчезнуваше секаква надеж дека ќе се спасиме.

21И бидејќи долго време гладуваа, Павле застана сред нив и рече: „Луѓе, требаше да ме послушате и ако не заминевме од Крит, ќе ги избег­нев­ме овие маки и штети.

22Но, и сега ве советувам да бидете бод­ри, зашто ниедна душа од вас нема да загине, освен коработ.

23Зашто ноќеска ми се јави ангелот од Бога, Чиј сум и Кому Му служам,

2418,9велејќи: ’Не плаши се, Павле, ти треба да излезеш пред цезарот; и ете, Бог ти ги дарува сите, што пловат со тебе.‘

25Затоа, луѓе, бидете бодри, зашто Му верувам на Бога дека ќе се случи така, како што ми беше речено.

26Но, треба да бидеме исфрлени на еден остров.“

27Беше веќе четиринаесетта ноќ, от­како бевме носени наваму-натаму по Јадранското Море, кога кон полноќ морнарите насетија дека се при­бли­жу­ваат до некакво копно,

28и, кога ја измерија длабочината, от­крија дека изнесува дваесет фатома; па отидоа малку потаму, измерија пак и открија дека е петнаесет фатома.

29И плашејќи се да не удрат на карпести места, одзади спуштија четири котви, па чекаа да осамне.

30А кога морнарите намислија да по­бегнат од коработ, и беа спуштиле чун во морето под изговор дека сакаат да спуштаат котви од предната страна,

31Павле им рече на стотникот и на војниците: „Ако овие не останат на ко­работ, вие не можете да се спасите.“

32Тогаш војниците ги пресекоа ја­жи­њата на чунот и го оставија да падне долу.

33А пред да осамне, Павле ги покани сите да каснат, велејќи: „Денес е чети­ринаесетти ден, откако во исчекување стоите гладни, не вкусувајќи ништо.

34Мт 10,30Затоа, ве молам, каснете, зашто тоа ќе ви го спаси животот. Впрочем, на ниеден од вас нема да му падне ни влакно од главата.“

35Штом го рече тоа, зеде леб, Му забла­годари на Бога пред сите, прекрши и почна да јаде.

36Тогаш се ободрија сите и зедоа храна;

37а во коработ нѐ имаше вкупно двес­те седумдесет и шест души.

38И кога се наситија од храната, почнаа да го олеснуваат коработ, исфрлајќи го житото в море.

Бродолом

39Штом се раздени, земјата не ја познаа, но забележаа еден залив со песочен брег, на кој решија, ако успеат, да го извлечат коработ.

40И откако ги откачија котвите, ги оставија во морето; а исто така ги разлабавија и врските на кормилата, го развија ма­ло­то едро спрема ветрот што дуваше, та запловија кон брегот.

41Но удирајќи на еден гребен, предницата на коработ се заби и веќе не се по­мр­дна, а задниот дел од коработ се разбиваше од силата на брановите.

4212,19; 16,27Војниците, пак, намислија да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне.

43Но стотникот, сакајќи да го спаси Павле, ги одврати од таа намера и запо­веда најнапред да скокнат и да излезат на земја оние, што знаат да пливаат,

44а останатите – кој на штица, кој на нешто од коработ. И така сите се спасија, излезувајќи на копно.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help