1Јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, туку како на телесни, како на доенчиња во Христос.
2Евр 5,12-14; 1 Птр 2,2Со млеко ве нахранив, а не со цврста храна, зашто уште не можевте да ја примите, а и сега уште не можете,
31,10-11; Јк 3,14бидејќи уште сте телесни. И навистина, штом меѓу вас има завист, кавга и поделба, тогаш, зар не сте телесни и зар не се водите според човечкото?
4Зашто, кога некој вели: „Јас сум Павлов“, а друг: „Јас сум Аполосов“, зар не сте телесни?
54,1; 2 Кор 4,5Кој е, впрочем, Павле, а кој Аполос? Зар не се служители преку кои вие поверувавте, и тоа како што секому Господ му дал?
6Јас посадив, Аполос полеа, но Бог направи да израсне.
7Па така, ниту оној што сади е нешто, ниту оној што полева, туку Бог, Кој прави да израсне.
8Оној што сади и оној што полева се едно; и секој ќе ја добие својата награда според својот труд.
9Ние сме Му сотрудници на Бога, а вие сте Божја нива, Божјо здание.
10Ефес 2,20; Евр 6,1-2Според Божјата благодат, што ми е дадена, јас, како мудар градител, поставив темел, а друг надѕидува; но секој нека пази како надѕидува.
11Зашто никој не може да постави друг темел, освен положениот, а тоа е Исус Христос.
12Откр 21,18-19Та кој и да ѕида врз тој темел со злато, сребро, драгоцени камења, дрва, сено или слама,
134,5; Мал 3,19; 2 Сол 1,8сечие дело ќе стане видливо; судниот ден ќе го покаже; зашто преку оган ќе се открие, и огнот ќе испита какво е сечие дело.
14И, ако делото на оној што ѕидал остане, тој ќе прими награда.
15Ако, пак, нечие дело изгори, тој ќе претрпи штета, а самиот ќе се спаси, но како низ оган.
166,19; Рим 8,9; 2 Кор 6,16; Ефес 2,22Зар не знаете дека сте Божји храм и дека Духот Божји живее во вас?
17Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.
181,20-25; 2,6; 4,10Никој нека не се лаже; ако некој меѓу вас мисли дека е мудар во овој свет, нека стане безумен, за да биде мудар.
19Јов 5,13Зашто мудроста на овој свет е безумство пред Бога, како што е напишано: „Тој ги лови мудрите во нивното лукавство.“
20Пс 93,11И пак: „Господ знае дека размислите на мудрите се суетни.“
21Па така, никој нека не се фали со луѓе, бидејќи сѐ е ваше:
22било Павле или Аполос, или Кифа, било светот или животот, или смртта, било сегашното или идното, – сѐ е ваше,
23вие, пак, сте Христови, а Христос – Божји.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.