1 2,4; Јн 8,32.36; Рим 8,2 Па така, стојте цврсто во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не се подавајте повторно под ропски јарем!
2Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос нема да ви биде од никаква полза.
3Рим 2,25; Јк 2,10И повторно му сведочам на секој човек што се обрезува дека тој е должен да го извршува целиот Закон.
4Сите што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта;
5Рим 8,23-25бидејќи ние, во Духот, се надеваме и очекуваме оправдание од верата.
66,15; 1 Кор 7,19; 13,13; 1 Тим 1,5Зашто во Христос Исус ниту обрезанието има сила, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.
72,14; Јн 8,32Вие добро трчавте; кој ви попречи да ѝ се покорувате на вистината?
81,6-7Таквото убедување не е од Оној што ве повика.
91 Кор 5,6Малку квас го потквасува целото тесто.
10Јас сум уверен за вас во Господ дека нема да мислите инаку; а оној што ве збунува – кој и да бил – ќе претрпи осуда.
111 Кор 1,23Но ако јас, браќа, сѐ уште го проповедам обрезанието, тогаш зошто и понатаму ме гонат? Во тој случај соблазната од крстот е укината.
12Камо да беа отсечени оние што ве збунуваат!
Живот според Духот, а не според паднатата човечка природа13 1 Птр 2,16 Бидејќи вие, браќа, сте повикани кон слобода; но не слобода за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.
143 Мојс 19,18; Мт 5,43; 19,19; 22,39; Рим 13,8-10; Јк 2,8Зашто, целиот Закон се исполнува во еден збор: „Љуби го својот ближен како себеси.“
15Ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.
165,25Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти.
17Рим 7,15-23; 1 Птр 2,11Зашто, телото го посакува она што е противно на духот, духот, пак – противното на телото; а тие се спротивставени меѓусебно, за да не го правите она што го сакате.
18Рим 6,14; 8,14Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.
191 Кор 6,9-10; Откр 22,15Делата на телото се познати. Тие се: прељуба, блуд, нечистота, разврат,
20идолопоклонство, магија, непријателства, кавги, љубомора, јарост, препирки, раздори, поделби,
21завист, пијанство, срамни гоштевки и други слични работи; ве предупредувам, како што ве предупредив и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо.
22Ефес 5,9А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност,
231 Тим 1,9кротост, воздржливост. Против такви нема закон.
24Рим 6,6Оние, пак, кои се Христови, го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти.
255,16Ако живееме според Духот, според Духот и да постапуваме.
Законот на Христос26Да не бараме лажна слава, еден со друг да не се раздразнуваме, еден на друг да не си завидуваме.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.