Евреите 5 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Христос е вистински Првосвештеник, поголем од Арон

1 8,3; 9,9 Зашто секој првосвештеник, кој се избира од луѓе, се пос­та­вува за луѓето – да служи пред Бога, да принесува да­рови и жртви за гревовите,

22,17-18; 4,15; 7,27-28; Мт 18,12и да може да сочувствува со оние кои се во незнаење и заблуда, бидејќи и сами­от е подложен на слабости;

37,27; 9,7; 3 Мојс 9,7; 16,6.15-16и затоа е должен да принесува жртви за гревовите, како за народот, така и за своите.

42 Мојс 28,1; 4 Мојс 18,7; Јн 3,27И никој врз себеси не ја прима таквата чест, освен оној кој е повикан од Бога, како што беше Арон.

54,14; Пс 2,7; Јн 8,54Така и Христос не се прослави Самиот Себеси, станувајќи првосвештеник, ту­ку Го прослави Оној што Му рече: „Ти си Мој Син, Јас денес Те родив.“

67,1-28; 1 Мојс 14,18; Пс 109,4Како што и на друго место вели: „Ти си свештеник довека, по чинот Мел­хиседеков.“

7Пс 67,20; Мт 26,38-46; Јн 12,27Во деновите на Својот земен живот, Тој со силен вик и солзи упати молби и молитви кон Оној што можеше да Го спаси од смртта, и поради Својата благобојазливост беше услишан.

82,10; 9,12; Рим 5,19; Фил 2,8-9; Ис 45,17Иако беше Син, Тој се научи на послушност од она што го пострада,

9а, откако се усоврши, стана причина за вечно спасение на сите кои Му се послушни,

104,14и од Бога беше наречен Прво­свеш­те­ник по чинот Мелхиседеков.

Да останеме во верата

11За ова би имале многу да ви зборуваме, што е тешко да се протолкува, би­дејќи сте станале мрзливи за слушање.

121 Кор 3,1-3; 1 Птр 2,2Зашто, иако според годините требаше веќе да бидете учители, вие сѐ уште имате потреба некој да ве учи на првите начела на словото Божјо и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна.

13Ефес 4,14Секој што се храни со млеко, е не­вешт во словото на правдата, бидејќи е дете;

141 Мојс 3,22; Ис 7,15; 1 Кор 2,6; Ефес 4,13а тврдата храна е за совршените, кои преку подвигот ги извежбале чувствата за разликување на доброто од злото.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help