Римјаните 15 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Угоди му на својот ближен

1Ние, силните, сме должни да ги носиме слабостите на не­моќните и да не си угодуваме себеси.

214,19Секој од нас нека му угодува на својот ближен со она што е добро, заради надградување.

3Пс 68,9Зашто и Христос не си угоди Се­беси, туку како што е напи­ша­но: „Подбивите на оние што Ти се подбиваа, паѓаат врз Мене.“

44,23-24; 1 Мак 12,9; 2 Мак 15,9; 1 Кор 10,6.11; 2 Тим 3,16А сѐ што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж.

512,16; 1 Кор 1,10; Фил 2,2; 4,2А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие меѓу себе, според примерот на Христос Исус,

6та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Гос­под Исус Христос.

Благовестие за сите луѓе

7Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими, заради Божјата слава.

8Мт 15,24; Дела 3,25-26Зашто велам дека Христос Исус стана служител на обрезаните поради Бож­ја­та вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците;

92 Цар 22,50; Пс 17,49а незнабошците да Го прос­ла­ват Бога за милосрдието, како што е на­пишано: „Затоа ќе Те исповедам меѓу незнабошците и ќе му пеам на Твоето име.“

105 Мојс 32,43И понатаму се вели: „Развеселете се, незнабошци, со Неговиот народ!“

11Пс 116,1И уште: „Фалете Го Господ сите незнабошци, и прославете Го, сите народи!“

12Ис 11,10; Мт 12,21; Откр 5,5Исаија, исто така, вели: „Ќе се појави коренот Јесеев и Оној што ќе се издигне да владее над незнабошците, на Него ќе се надеваат незнабошците.“

13А Бог на надежта нека ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух вашата надеж да се преумножува.

Павловиот мисионерски потфат

14И самиот сум уверен за вас, браќа мои, дека и вие сте полни со добрина, исполнети со секакво знаење и дека можете да се поучувате еден со друг.

151,5Но ви пишав, браќа, нешто малку послободно – според благодатта што ми е дадена од Бога,

161,9; 11,13; 12,1; Фил 2,17за да бидам служител на Исус Христос меѓу незнабошците и свеште­но­дејствено да го извршувам Божјото благовестие, та приносот на незнабошците, осветен од Све­тиот Дух, да стане благопријатен.

175,2И така, можам да се по­фа­лам во Христос Исус со својот труд за Бога,

181,5зашто не се осмелувам да говорам за она што Христос не го извршил пре­ку Мене со зборови и дела,

192 Кор 12,12со силата на знаци и чуда, со силата на Божјиот Дух, која ги води незна­бош­ците кон послушност во верата, така што Христовото благовестие го распро­стра­нував од Ерусалим и неговата око­лина, па дури до Илирик.

201 Кор 3,10; 2 Кор 10,15-16И така, силно бев поттикнат да го про­по­ведам благовестието не таму каде што Христовото име беше веќе познато, за да не ѕидам врз туѓ темел,

21Ис 52,15туку како што е напишано: „Оние на кои не им е јавено за Него, ќе видат; и оние што не беа чуле, ќе разберат.“

Павловите планови за патување во Рим

22Токму затоа и многупати бев спречен да дојдам кај вас.

23Сега, пак, бидејќи во овие краеви нема такво место, а многу години имам желба да дојдам кај вас,

241 Кор 16,6кога ќе тргнам за Шпанија, се надевам дека ќе ве видам на минување и де­ка натаму вие ќе ме испратите, но откако најпрво ќе ви се порадувам некое време.

25Дела 19,21А сега одам во Ерусалим за да им послужам на светиите,

262 Кор 8,1; 9,2.12; Гал 2,10зашто Македонија и Ахаја одлучија да дадат некаков прилог за сиро­ма­ш­ни­те светии во Ерусалим.

271 Кор 9,11; Гал 6,6Тие доброволно одлучија, но и дол­жни им се. Бидејќи, ако незнабошците станаа соучесници во нивните духовни блага, тогаш се должни да им послужат и во телесните.

2815,24И така, откако ќе го завршам ова и ќе им го предадам овој плод, преку ва­ша­та земја ќе заминам за Шпанија.

29А знам дека, кога ќе дојдам кај вас, ќе дојдам со изобилен благослов на Хрис­то­вото благовестие.

302 Кор 1,11Браќа, ве молам поради нашиот Господ Исус Христос и поради љубовта на Духот, помагајте ми со усилни мо­литви кон Бога за мене,

31Дела 20,3за да се избавам од оние што не ве­руваат, кои се во Јудеја, и моето слу­же­ње во Ерусалим да им биде благо­пријат­но на светиите;

321,10та, преку Бож­јата волја, да дојдам кај вас со радост и да се успокојам заедно со вас.

332 Кор 13,11; Фил 4,9А Бог на мирот нека биде со сите вас. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help