1 Мт 18,15; 1 Кор 10,12; Јк 5,19 Браќа, дури и да падне човек во некаков грев, вие, духовните, поправајте го таквиот со духот на кротоста, пазејќи се и самите да не бидете искушани.
2Јн 13,34; Рим 8,2; Јк 1,25Носете си ги тешкотиите еден на друг – така ќе го исполните Христовиот закон.
31 Кор 4,7Зашто ако некој мисли дека е нешто, а не е ништо, тој се мами себеси.
46,14-15; 1 Кор 11,28; 2 Кор 13,5Секој нека си ги испита своите дела и тогаш ќе има пофалба пред себеси, а не пред друг.
5Рим 14,12Зашто секој ќе го понесе својот товар.
6Рим 15,27; 1 Кор 9,11.14А оној што го изучува словото нека сподели сѐ што е добро со оној што го поучува.
7Ос 8,7; Јов 13,8-9Не лажете се: со Бога нема подигрување. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее.
8Јн 3,6; Рим 8,13Кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее распадливост; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот.
92 Сол 3,13Да не малаксуваме правејќи добро, бидејќи во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме.
10И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера.
Христовиот крст и новото создание11 Фил 1,19 Гледајте со колку крупни букви ви го напишав сето ова со сопствената рака.
12Оние што сакаат да се фалат со телото, тие ве принудуваат да се обрезувате само за да не бидат гонети заради Христовиот крст.
13Рим 2,21Зашто и самите тие што се обрезуваат, не го запазуваат Законот, а сакаат вие да се обрезувате, за да се пофалат со вашето тело;
142,19; 5,24; 1 Кор 1,31; 2,2а мене, да не ми даде Господ да се фалам со ништо друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку кого светот за мене е распнат, а и јас за светот.
155,6; 2 Кор 5,17; Откр 21,5Зашто во Христос Исус ниту обрезанието има некаква сила, ниту необрезанието, туку новото создание.
16Пс 124,5; 128,6На оние што постапуваат по тоа правило, мир и милост, ним и на Божјиот Израил!
172 Кор 4,10; 6,4-5; Кол 1,24Отсега натаму никој да не ми досадува веќе, зашто јас ги носам белезите на Господ Исус врз своето тело.
18Фил 4,23; 2 Тим 4,22; Фил 1,25Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вашиот дух, браќа. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.