Матеј 24 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Навестување за разурнувањето на храмот во Ерусалим(Мк 13,1-2; Лк 21,5-6)

1И, кога излезе Исус од храмот и си одеше, Му пријдоа Неговите ученици за да Му ги покажат градбите на храмот.

2Лк 19,44А Исус им рече: „Не го гледате ли сето тоа? Вистина, ви велам: нема да остане тука ниту камен на камен, кој нема да биде урнат.“

Неволи и прогонства(Мк 13,3-13; Лк 21,7-19)

3 5,1; 10,23; 13,39; 1 Кор 15,23; 1 Сол 2,19; 3,13; 4,15; 5,23; 2 Сол 2,1.8; Јк 5,7-8; 2 Птр 3,4.12; 1 Јн 2,28 И, кога седеше на Маслиновата Гора, Му пријдоа учениците на­са­мо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за свршетокот на светот?“

4Ер 29,8; Откр 12,9А Исус, одговарајќи, им рече: „Пазете се да не ве прелаже некој;

5Ер 14,14зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ’Јас сум Христос!‘ и ќе прелажат мнозина.

6Дан 2,28Ќе слушате за војни и гласови за војни. Внимавајте да не се вознемирите, заш­то сето тоа треба да се случи; но тоа уште не е крајот.

7Ис 19,2; 2 Лет 15,6Зашто ќе се крене народ против народ, и царство против царство, и на некои места ќе има глад, помор и потреси;

8Ис 13,8; Ос 13,13; Јн 16,21; Рим 8,22; 1 Сол 5,3; Откр 12,2а сето тоа е почеток на страдањата.

9Јн 15,18Тогаш ќе ве предадат на мачење и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име.

10Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат и еден со друг ќе се мразат;

117,15; 2 Птр 2,1многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;

12Лк 18,8; 2 Сол 2,3и бидејќи беззаконијата ќе се ум­ножат, кај мнозина љубовта ќе олади.

1310,22.32Но кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен.

1426,13; 28,19; Мк 16,15; Рим 10,18И ова благовестие за царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.“

Големото запустување(Мк 13,14-23; Лк 21,20-24)

15 Дан 9,27; 11,31; 12,11; 1 Мак 1,54 „А кога ќе ја видите одвратноста на запустувањето, изречена преку пророкот Даниил, како стои на светото место – кој чита нека разбере,

16тогаш оние во Јудеја, нека бегаат по планините;

17Лк 17,31 кој е на покрив, нека не слегува да земе нешто од својата куќа;

181 Мојс 19,26и кој е на нива, нека не се враќа назад за да си ги земе алиштата!

19Лк 23,29Тешко на бремените и на доилките во тие денови!

20Затоа, молете се вашето бегање да не биде во зима, ниту во сабота;

21Дан 12,1; Откр 7,14; 16,18зашто тогаш ќе настане голема мака, каква што немало од почетокот на светот па досега, ниту, пак, ќе има.

22И ако не се скратат оние денови, никој и ништо не би се спасило; но заради избраните ќе се скратат тие денови.

23Лк 17,21.23Ако некој тогаш ви рече: ’Еве, овде е Христос‘ или ’таму е‘ – не верувајте!

245 Мојс 13,1-3; 2 Сол 2,3-4.9Зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат голе­ми знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.

25Ете, однапред ви кажав.

26И така, ако ви речат: ’Ене, Тој е во пустината‘ – не излегувајте; или, ’еве, во скришните одаи е‘ – не верувајте!

278,20Зашто, како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки.

28Јов 39,30; Лк 17,37; Јн 7,27Зашто, каде што е мршата, таму се собираат и орлите.“

Враќањето на Синот Човечки(Мк 13,24-27; Лк 21,25-28)

29 Ис 13,10; 34,4; Амос 8,9 „И веднаш, по маките на тие денови,

сонцето ќе се помрачи

и месечината нема да ја дава својата светлина,

и ѕвездите ќе паднат од небото

и небесните сили ќе се разнишаат.

30 16,27; 26,64; 2 Мојс 19,16; 34,5; Зах 12,10-12; Дан 7,13; 7,14; Откр 1,7 И тогаш ќе се појави на небото знакот на Синот Човечки и ќе заплачат тогаш сите земни племиња, и ќе Го видат Си­нот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со сила и голема слава;

3113,41; 5 Мојс 30,3-4; Неем 1,9; 1 Сол 4,16и ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас, и тие ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.“

Споредба со смоквата(Мк 13,28-31; Лк 21,29-33)

32„Научете ја параболата од смоквата: кога нејзините гранки ќе станат кревки и ќе разлистат, знаете дека е близу летото.

33Јк 5,9; Откр 3,20Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека Тој е близу, пред вратата.

3410,23; 16,28; Ис 51,6Вистина ви велам: нема да помине ова поколение додека сето ова не се исполни.

355,18; Пс 101,26Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.“

Денот и часот – непознати!(Мк 13,32-37; Лк 17,26-30.34-36)

36 Зах 14,7; Мк 13,32.35; Дела 1,7 „А за тој ден и час никој не знае, ниту небесните ангели, туку само Мојот Отец;

37но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки;

381 Мојс 7,7.13; 2 Птр 3,6зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до денот кога Ное влезе во ковчегот,

391 Сол 5,3и не сфатија додека не дојде потопот и истреби сѐ – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки.

40Тогаш ќе бидат двајца на нива: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен;

41две жени ќе мелат на мелница: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена.

4225,13; Лк 12,37.39-40; 1 Сол 5,1.6Затоа, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ.

431 Сол 5,2.4; Откр 3,3Знајте го и ова: кога домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би останал буден и не би дозволил да му провалат во куќата.

44Затоа и вие треба да бидете подготвени, зашто Синот Човечки доаѓа во часот кога не очекувате.“

Верни и неверни слуги(Лк 12,41-48)

45 Пс 103,27; 105,21; Лк 12,42 „Кој е тој верен и мудар слуга, кого неговиот господар ќе го постави над своите слуги, за да им дава храна навреме?

46Блажен е оној слуга, кого неговиот господар, кога ќе дојде, ќе го најде да постапува така;

4719,28; 25,21.23вистина ви велам дека него ќе го постави над целиот свој имот.

482 Птр 3,4Ако, пак, тој слуга е лош и си рече во срцето: ’Мојот господар уште долго време нема да дојде‘,

49па почне да ги тепа оние што слугуваат со него и да јаде и пие со пијаниците,

5024,42господарот на тој слуга ќе дојде во ден кога тој не го очекува и во час што не го знае;

518,12па ќе го расече на две и ќе му даде удел со лицемерите; таму ќе биде плач и крцкање со заби.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help