1 13,3; 14,26; Зах 14,4; Лк 21,37; Јн 8,1; Дела 1,12 И кога се приближи до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, кај Маслиновата Гора, Исус испрати двајца од Своите ученици,
2Зах 9,9и им рече: „Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом ќе влезете во него, ќе најдете врзано прле, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го!
3А ако некој ви рече: ’Зошто го правите тоа?‘ Кажете дека Му е потребно на Господ; и тој веднаш ќе го прати тука.“
4Тие отидоа и најдоа прле, врзано за портата однадвор, на крстопатот, и го одврзаа.
5И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате прлето?“
6А овие им одговорија како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија.
7И го доведоа прлето кај Исус, ги положија врз него своите алишта и Тој седна на него.
8И мнозина ги постилаа своите облеки по патот; други, пак, сечеа гранчиња од дрвјата и ги постилаа по патот.
9Пс 117,25.26; Мт 21,15; 23,39А оние, што врвеа пред Него и по Него, извикуваа, велејќи: „Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!
102 Цар 7,16; Пс 147,1; Јов 16,19; Лк 1,32-33Благословено е царството на нашиот татко Давид, кое доаѓа во името Господово! Осана во висините!“
11И Исус влезе во Ерусалим, и во храмот, разгледа сѐ, па, бидејќи веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесеттемина во Витанија.
Смоквата што не дава плод(Мт 21,18-19)12А утредента, кога излегоа од Витанија, Тој огладне;
13Ер 8,13; Мих 7,1; Лк 13,6и откако оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи за да види дали ќе најде нешто на неа; но кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше времето за смокви.
1411,20И проговори Исус и ѝ рече: „Отсега никој да не вкуси плод од тебе довека!“ И Неговите ученици го чуја тоа.
Исус во храмот(Мт 21,12-17; Лк 19,45-47; Јн 2,13-22)15 11,27; Јн 2,14-15 И дојдоа во Ерусалим. И откако влезе Исус во храмот, почна да ги истерува оние што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврте масите на менувачите на пари и столовите на оние што продаваа гулаби;
16и не дозволуваше никој преку храмот да пренесе каков и да било сад.
17Ис 56,7; Ер 7,11; Мт 21,13; Лк 19,46; Јн 2,16И ги поучуваше, велејќи: „Зар не е напишано: ’Мојот дом ќе се нарече дом за молитва на сите народи‘? А вие го направивте разбојничка пештера!“
181,22; 6,2; Мт 14,5; 21,46; Лк 22,2И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, бараа начин како да Го погубат, бидејќи се плашеа од Него, зашто сиот народ се восхитуваше на Неговото учење.
19Мт 21,17А кога се стемни, Тој излезе надвор од градот.
Поука за смоквата(Мт 21,20-22)20 11,14 Следното утро, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен.
21И Петар се сети и Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила!“
22Јн 14,1А Исус им одговори и рече: „Имајте вера во Бога.
239,23; Мт 8,10; 17,20 Зашто, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ’Крени се и фрли се во морето!‘ и не се посомнева во своето срце, туку поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
24Ер 29,12; Мт 18,19; Јн 11,22Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе добиете – и ќе ви се оствари.
25Мт 5,23-24; 6,14; Ефес 4,32; Кол 3,13И кога стоите на молитва, простувајте ако имате нешто против некого, та и вашиот Отец, Кој е на небесата, да ви ги прости вашите грешки.
26Мт 6,15; 18,35Ако ли, пак, вие не простувате, и вашиот Отец, Кој е на небесата, нема да ви ги прости вашите грешки.“
Исусовата власт(Мт 21,23-27; Лк 20,1-8)27 8,31; 14,43.53; 15,1; Мт 27,41; Дела 4,5 И пак дојдоа во Ерусалим; а кога Исус одеше низ храмот, кај Него дојдоа првосвештениците, книжниците и старешините,
28па Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа? И кој Ти ја дал таа власт да го правиш ова?“
29А Исус им одговори и рече: „Ќе ве прашам и Јас нешто и одговорете Ми, па ќе ви кажам, со каква власт го правам ова.
30Мт 3,6 Јовановото крштевање беше од небото или од луѓето? Одговорете Ми.“
31Мт 21,32; Лк 7,30А тие си говореа и велеа: „Ако кажеме ’од небото‘ – ќе рече: ’Па зошто не му поверувавте?‘
32Мт 14,5Но ако кажеме: ’од луѓето‘“ – се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јован за вистински пророк.
33И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Исус им одговори и рече: „Ниту Јас не ви кажувам со каква власт го правам ова.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.