Јован 5 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Исцелувањето на болен човек во бањата Витезда

1Потоа беше еден јудејски празник и Исус се искачи во Ерусалим.

2, со пет тремови.

3Во нив лежеа многумина болни, слепи, куци, исушени, што чекаа да се раздвижи водата,

4зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел и ја разбрануваше водата; и кој прв ќе влезеше по разбранувањето на водата, оздравува­ше од каква било болест да боледуваше.

55 Мојс 2,14; Лк 8,29Таму имаше и еден човек што боледуваше триесет и осум години.

6Исус, гледајќи го како лежи и зна­еј­ќи дека многу години боледува, му ре­че: „Сакаш ли да оздравиш?“

7Болниот Му одговори: „Господине! Немам човек што ќе ме спушти во ба­њата кога ќе се разбранува водата; до­де­ка јас да дојдам, друг слегува пред ме­не.“

8Мт 9,6; Мк 2,11; Лк 5,24Исус му рече: „Стани, земи си ја пос­телата и оди!“

99,14; Мт 12,1; Лк 5,25; 13,14; Дела 3,8И веднаш оздраве човекот, ја зеде својата постела и одеше. А тој ден бе­ше сабота.

109,16; 2 Мојс 20,8; Ер 17,21; Мт 12,2Поради тоа Јудејците Му рекоа на излекуваниот: „Сабота е и не ти е дозволено да ја носиш својата постела!“

119,11Но тој им одговори: „Оној што ме излекува, ми рече: ’Земи си ја постела и оди!‘“

12А тие го прашаа: „Кој е Човекот што ти рече: ’Земи си ја постела и оди?‘“

136,2-3.15; Мт 8,18; Мк 7,17Но исцелениот не знаеше Кој е, зашто Исус се беше оддалечил бидејќи на тоа место имаше многу народ.

148,11; Мт 9,2; Мк 2,5Потоа Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не гре­ши веќе, за да не те снајде нешто по­ло­шо!“

159,11А човекот отиде и ги извести Јудејците дека Исус е Оној што го из­ле­кувал.

161 Мојс 2,2-3; 2 Мојс 20,10И затоа Јудејците Го гонеа Исус и сакаа да Го убијат, бидејќи тоа го вршеше во сабота.

177,23; 9,4А Исус им одговараше: „Мојот Отец досега работи, и Јас работам.“

182,16; 8,37.40; Мудр 2,16; Мт 14,5; 26,4; Фил 2,6Затоа Јудејците уште повеќе сакаа да Го убијат, бидејќи не само што ја нарушуваше саботата, туку и Бога Го нарекуваше Свој Отец, правејќи се ед­наков на Бога.

Исусовата власт

19 5,30; 8,28.42 А Исус им одговараше и рече: „Вистина, вистина ви велам: Синот не може да прави ништо Сам од Себе, ако не види што прави Отецот; бидејќи она што го прави Тој, тоа истото го прави и Синот.

203,35; 7,3.21; 14,10-12; 15,9; 17,23-24Зашто, Отецот Го љуби Синот и Му покажува сѐ што Самиот прави; и ќе Му покаже дела поголеми од овие, за вие да се чудите.

211,4; 11,25; 1 Цар 2,6; Рим 4,17; Ефес 2,5Зашто, како што Отецот ги воскреснува мртвите и ги оживува, така и Синот ги оживува оние што сака.

223,17; 5,27; 9,39; 12,47; Дела 10,42Отецот не суди никого, туку целиот суд Му го предаде на Синот;

23Лк 10,16; Фил 2,10-11; 1 Јн 2,23та сите да Го почитуваат Синот, како што Го почитуваат Отецот. Оној што не Го почитува Синот, тој не Го почитува ниту Отецот, што Го пратил.

243,11.15-16.18; 8,51; 10,27-28; 1 Јн 3,14Вистина, вистина ви велам: оној што го слуша Моето слово и верува во Оној што Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, туку преминал од смрт во живот.

255,28; 11,25-26.43; Мк 5,41; Лк 7,14; 8,54; Ефес 2,1.5Вистина, вистина ви велам: иде часот, и веќе е дојден, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и тие што ќе го чујат, ќе оживеат.

261,4; 6,53.57Зашто, како што Отецот има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе;

275 Мојс 7,10-14; Мт 8,20; Евр 2,18и Му даде власт и да суди, зашто Тој е Синот Човечки.

2811,43-44Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите што се во гробовите, ќе го чујат Неговиот глас

29Дан 12,2; Мт 16,27; 25,46; Лк 14,14; Дела 24,15; 1 Кор 15,32; 1 Сол 4,16; Откр 20,13и ќе излезат: оние што правеле добро, ќе воскреснат за живот, а оние што правеле зло, ќе воскреснат за осудување.

Сведочење за Исуса

30 4,34; 5,19; 6,38; Лк 22,42 Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Отецот што Ме прати.

318,13-14Ако Јас сведочам Сам за Себе, Моето све­доштво не е вистинито.

323,26; 5,36-37.39; 8,18; 15,26; 19,35; 1 Јн 5,6-9Но има Друг што сведочи за Мене; и знам дека е вистинито тоа сведоштво со кое Тој сведочи за Мене.

331,7.15.34; 3,27-30Вие пративте кај Јован и тој ви ја посведочи вистината.

341 Јн 5,9Но Јас не примам сведоштво од човек; туку ова го кажувам за да се спасите вие.

351,8; Сир 48,1; 2 Птр 1,19Тој беше светило што гори и свети, а вие само на кратко сакавте да се порадувате на неговата светлина.

362,11; 3,2; 9,16.33; 10,25.38; 14,11; Мт 9,6Но Јас имам сведоштво поголемо од Јовановото; делата што Ми ги даде Отецот да ги извршам, самите тие дела, што ги извршувам Јас, сведочат за Мене дека Ме пратил Отецот.

376,44-46; 8,18; 5 Мојс 4,12.15; Мт 3,17; 1 Јн 5,9И Отецот, Кој Ме прати, Тој пос­ведочи за Мене. А вие ниту Неговиот глас некогаш сте го чуле, ниту Неговото лице сте го виделе.

386,29; 8,37; 1 Јн 2,14И Неговото слово не живее во вас, зашто не верувате во Оној што Тој Го пра­тил.

391,45; 2,22; 5 Мојс 8,1.3; 30,15-20; Пс 118; Мт 1,22; Лк 24,27.44; Дела 13,27; 1 Птр 1,10-11; Откр 19,10Ги истражувате Писмата, зашто мислите дека во нив имате вечен живот; а токму тие сведочат за Мене.

40Но не сакате да дојдете кај Мене за да имате живот.

417,18; 12,43; 1 Сол 2,6Од луѓе слава не примам,

42но ве знам дека во себе немате Божја љубов.

43Мт 24,5.24Јас дојдов во името на Мојот Отец и не Ме примате; а некој друг, ако дојде во свое име, него ќе го примите.

447,18; 8,50.54; 12,23.28.43; Рим 2,29; 1 Кор 4,5.7Како можете да поверувате, вие што примате слава еден од друг, а славата, што е од Единиот Бог, не ја барате?

459,28; 5 Мојс 31,26-27; Рим 2,17Немојте да мислите дека Јас ќе ве обвинувам пред Отецот; има кој да ве обвини – Мојсеј, на кого вие се надевате.

465 Мојс 18,15; Лк 24,27; Дела 3,22; 7,35.37Зашто, ако му бевте верувале на Мојсеј, и Мене ќе Ми поверувавте, заш­то тој пишуваше за Мене.

471,17; 6,32; Лк 16,29-31; 2 Кор 3,14-16Ако, пак, на неговите Писанија не верувате, како тогаш ќе им поверувате на Моите зборови?“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help