1 час кога Го распнаа.
26И беше напишан натпис со Неговата вина: „Царот Јудејски.“
27 настана темнина по целата земја, до деветтиот час.
34Пс 21,2; Мт 27,46И во деветтиот час Исус извика со силен глас, велејќи: „Елои, Елои, Лима савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави?“
359,11-13; Мт 11,14И некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија!“
3615,23; Пс 68,21; Мт 27,34; Лк 23,36А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, го надена на трска па Му даваше да пие, велејќи: „Чекајте да видиме дали ќе дојде Илија да Го симне.“
37А Исус испушти силен глас и издивна.
382 Мојс 26,31-37; Евр 6,19; 9,3.6-12; 10,19-20И завесата на храмот се расцепи на две, одозгора додолу.
39Мт 4,3; 14,33; Јн 1,49; Дела 9,20А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Тој, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек беше Син Божји!“
4015,47; 16,1; Лк 8,2; 24,10Имаше и жени што гледаа оддалеку; меѓу нив беше и Марија Магдалина, и Марија, мајката на Јаков Малиот и на Јосија, и Саломија,
41кои и тогаш, кога Тој беше во Галилеја, врвеа по Него и Му служеа, а имаше и многу други што беа дошле со Него во Ерусалим.
Исусовото погребување(Мт 27,57-61; Лк 23,50-56; Јн 19,38-42)42 Мт 27,62 А кога веќе се стемни, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота,
43Лк 2,25.38дојде Јосиф од Ариматеја, угледен советник, кој и сам го очекуваше царството Божјо, и се осмели да влезе кај Пилат и го побара Исусовото тело.
44Пилат се зачуди дека Тој веќе умрел; па го повика стотникот, го праша дали одамна умрел.
45Па, штом дозна од стотникот, му го даде телото на Јосиф.
46Дела 13,29А Јосиф купи платно, го симна телото, го обви во платното и го положи во гроб, што беше издлабен во карпа, и навали камен на гробната врата.
4715,40; 16,1А Марија Магдалина и Марија Јосиева гледаа каде Го полагаат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.