1 2,29; 4,7; 1 Птр 1,22-23 Секој што верува дека Исус е Христос, е роден од Бога, и секој што Го љуби Оној што родил, Го љуби и Родениот од Него.
2Рим 13,9По ова знаеме дека ги љубиме Божјите чеда, кога Го љубиме Бог и ги извршуваме Неговите заповеди.
3Бидејќи љубовта кон Бог се состои во ова: да ги пазиме Неговите заповеди, а Неговите заповеди не се тешки.
4Зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – нашата вера.
51 Кор 15,57; Ефес 6,16Кој го победува светот, ако не оној кој верува дека Исус е Син Божји?
62,20.27; Јн 14,17; 15,26; 19,34Тоа е Исус Христос, Кој дојде преку вода и крв – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистината.
7Зашто три се, кои сведочат:
8духот, водата и крвта; и тие три се во едно.
9Ако го примаме човечкото сведоштво, Божјото сведоштво е поголемо, бидејќи тоа е Божјо сведоштво, со кое Тој посведочи за Својот Син.
10Јн 5,24.37Кој верува во Синот Божји, тој го има тоа сведоштво во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, зашто не поверувал во сведоштвото со кое Бог посведочил за Својот Син.
111,2; 5,20; Јн 17,3А ова е сведоштвото: Бог ни дарувал вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син.
12Јн 3,36Оној што Го има Синот, го има и животот; а оној што Го нема Синот Божји, го нема животот.
Епилог13 Јн 1,12; 20,31 Ова ви го напишав вам, што верувате во името на Синот Божји, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Синот Божји.
143,22; Јн 14,13-14А ова е смелоста што ја имаме пред Него: да нѐ послуша ако побараме нешто по Неговата волја.
15Мт 21,22; Јн 14,13; 15,7; 16,24; Јк 1,5Ако знаеме дека нѐ слуша кога нешто бараме, знаеме дека ќе добиеме, што и да сме побарале од Него.
164 Мојс 15,30; 18,22Ако некој го види брата си да греши со грев што не е за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, – односно на оние што не грешат за смрт. А има и грев за смрт: за тој грев не велам да се моли.
17Секоја неправда е грев, но има грев што не е за смрт.
18Знаеме дека секој што е роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него.
19Јн 8,47; Кол 1,13Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло.
20Ер 24,7; Јн 17,3; 20,28Знаеме, исто така, дека Синот Божји дојде и ни даде разум, за да Го познаеме Вистинскиот; и ние престојуваме во Вистинскиот – во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистинскиот Бог и вечен живот.
21Чеда, пазете се од идолите. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.