1 3 Мојс 25,43.53; Сир 5,7; Ефес 6,9 Вие, господарите, бидете справедливи спрема своите слуги и давајте им го она што е правично, зашто знаете дека и вие имате Господар на небесата!
Препораки2 Ефес 6,18-20 Мт 26,41; Рим 12,12; Фил 4,6 Бидете истрајни во молитвата, бдејте во неа со благодарност!
3Молете се, исто така, и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на проповедта, за да ја разгласуваме Христовата тајна, поради која сум и во окови,
4та да ја објавам, онака како што ми доликува да говорам!
5Постапувајте мудро кон надворешните, ползувајќи го времето!
6Зборот секогаш да ви биде благодатен, осолен, за да знаете како треба секому да му одговарате!
Последни поздрави и лични пораки7 Ефес 6,21-22 Дела 20,4; 2 Тим 4,12; Тит 3,12 Сите вести за мене ќе ви ги соопшти Тихик, љубениот брат и верен служител и соработник во Господ,
8кого токму заради тоа го пратив кај вас, за да дознае како сте и да ви ги утеши срцата.
9Со него го пратив и верниот и возљубениот брат Онисим, кој е еден од вас; тие ќе ве запознаат со сѐ што се случува овде.
10Дела 12,12.25; 15,37-39; 19,29; 20,4; 27,2; 2 Тим 4,11; Флмн 1,23-24; 1 Птр 5,13Ве поздравува Аристарх, кој е затворен со мене, и Марко, внукот на Варнава – за кого добивте заповед: ако дојде кај вас, примете го.
11Ве поздравува и Исус, наречен Јуст; од обрезаните единствено тие ми беа сотрудници за царството Божјо, и ми станаа утеха.
121,7; 2,1; 1 Мојс 32,29; 2 Мојс 11–14; Рим 15,30; Флмн 1,23Ве поздравува Епафрас, слуга на Христос, кој е еден од вас, кој секогаш во молитвите се бори за вас, за да стоите совршени и исполнети со сета Божја волја.
132,1Сведочам за него, дека има голема ревност за вас и за оние во Лаодикија и Јерапол.
142 Тим 4,10-11; Флмн 1,24Ве поздравува возљубениот лекар Лука, како и Димас.
15Рим 16,5; Флмн 1,2Поздравете ги браќата во Лаодикија, и Нимфан и неговата домашна црква!
16Па откако ова послание ќе биде прочитано кај вас, потрудете се да биде прочитано и во лаодикиската црква, а она од Лаодикија да го прочитате и вие.
17Флмн 1,2Речете му на Архип: „Внимавај на службата, што си ја примил во Господа, за да ја исполниш!“
181 Кор 16,21; Гал 6,11; Ефес 3,1; 4,1; 6,20; Фил 1,7.13; 2 Сол 3,17; 2 Тим 1,8Своерачен поздрав од мене, Павле. Спомнувајте си за моите окови! Благодатта нека биде со вас. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.