2 Солуњаните 2 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Човекот на беззаконието

1 Мт 24,31; 1 Кор 15,23 А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање при Него, ве молиме, браќа,

23,17; Мк 13,7; 1 Кор 1,8; 1 Сол 2,19; 3,13; 4,15-17; 5,2.4да не се поколебате лесно во својот ум, ниту да ве обзема ужас, било од дух, било од збор или од послание, небаре испратено од нас, дека божем веќе настапил Христовиот ден.

3Јн 17,12; Ефес 5,6-8; 1 Тим 4,1; Откр 13,5Никој да не ве измами на никаков на­чин; зашто оној ден нема да настапи до­дека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта,

4Ис 14,13; Ез 28,2; Дан 7,25; 8,25; 11,36; Откр 13,5кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за самиот да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себеси како Бог.

51 Сол 3,4Зар не помните дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа?

6Откр 20,7-10Сега знаете што го задржува да се открие во своето време.

7Мк 13,10Тајната на беззаконието веќе деј­ствува, само тоа нема да биде извршено додека не се оттргне оној што сега ја за­др­жу­ва;

8Ис 11,4; Пс 32,6; Јов 4,9; Откр 19,11-21тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого Господ ќе го убие со здивот на Својата уста и ќе го истреби со појавата на Своето доаѓање.

9Мт 24,24; Јн 4,48; Откр 13,13Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чуда,

10Мт 24,12; Јн 8,34-44; 1 Кор 1,18; Ефес 2,2и со секакво неправедно измамува­ње меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта кон вистината, та да се спасат.

113 Цар 22,22; Ис 6,10; Јн 3,19; Рим 1,28; 2 Тим 4,4И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда, за да ѝ поверуваат на лагата,

12Јн 9,39та да бидат осудени сите кои не ѝ по­веруваа на вистината, туку ја засакаа не­правдата.

Цврстина во верата

13 1,3; Јн 15,16; Ефес 1,4; 1 Сол 1,2; 2,13; 1 Птр 1,2 А ние сме должни секогаш да Му благодариме на Бога за вас, воз­љу­бе­ни од Господ браќа, затоа што Бог од по­че­токот ве избра за спасение, преку осветувањето од Духот и преку верата во вистината,

141 Сол 2,12; 4,7; 5,9кон кое ве повика преку нашето благовестие за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос.

153,6; 1 Кор 11,2; 16,13И така, браќа, стојте цврсто и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание.

161 Сол 3,11; 1 Птр 1,3А Самиот наш Господ Исус Христос и нашиот Бог и Отец, Кој нѐ возљуби и преку Својата благодат ни даде вечна утеха и добра надеж во благодатта,

171 Сол 3,12-13нека ги утеши вашите срца и нека ве утврди во секое добро дело и слово!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help