1 Тимотеј 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Епископи на Црквата

1 1,15 Верно е словото: Ако некој тежнее кон епископство, тој сака добра работа.

23,12; 2 Тим 2,24; Тит 2,6Епископот, пак, треба да е непорочен, маж на една жена, трезвен, благоразумен, угледен, гостољубив, способен да поучува;

3не пијаница, ни насилник, ни алчен за нечесна добивка, туку кроток, мирољубив и не среброљу­бив;

43,12својот дом добро да го управува и да ги држи децата во послушност и достоинствени во сѐ,

51 Кор 1,2зашто, ако некој не умее да управува со својот дом, тогаш како ќе се грижи за Божјата Црква?

6Нека не е нов во верата, за да не се возгордее па да падне под осуда, како ѓа­волот.

7Рим 12,17; 1 Кор 5,12; 2 Кор 8,21А уште треба да има и добар углед кај надворешните за да не биде укоруван и да не падне во стапицата на ѓа­во­лот.

Ѓакони

8Ѓаконите, исто така, треба да бидат честити, да не се дволични, да не се оддаваат на многу вино, ниту да се алчни за нечесна добивка;

91,19туку тајната на верата да ја пазат со чиста совест.

10И тие треба прво да бидат ис­питани, та потоа, ако се непорочни, да станат ѓакони.

11Тит 2,3Исто така и нивните жени треба да бидат честити, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сѐ.

123,2-4Ѓаконите треба да бидат мажи на една жена, добро да управуваат со своите деца и со своите домови.

13Зашто, оние што добро служеле, се здобиваат со угледна по­лож­ба и со голема смелост во верата во Христос Исус.

Тајната на благочестието

14Ова ти го пишувам надевајќи се дека скоро ќе дојдам кај тебе.

151 Кор 1,2; Ефес 2,19-22; Тит 1,7Но, ако случајно подзадоцнам, да знаеш како луѓето треба да се однесуваат во Божјиот дом, кој е црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината.

16Мк 16,19; Јн 1,14; 16,10; Дела 1,9; Рим 1,3-4; Ефес 3,10; 1 Птр 1,12А несомнено, голема е тајната на благочестието: Бог се јави во тело, беше оправдан во Духот, виден од ан­ге­лите, проповедан на народите, во светот примен со вера, вознесен во слава.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help