1 Ефес 3,2; 1 Тим 3,9; Тит 1,7; 1 Птр 4,10 Така, секој човек нека нѐ смета за Христови служители и за управители на Божјите таинства.
2А од управителите се бара секој од нив да се покаже верен.
3Мене ми е сосема сеедно дали ќе бидам суден од вас или од судот на другите луѓе; та и самиот себеси не се судам,
4зашто во мене не пронаоѓам никаква вина; иако со тоа не сум оправдан: Господ е Тој што ќе ми суди.
5Мт 7,1; Рим 2,16.29Затоа, не судете ништо предвреме, додека не дојде Господ, Кој ќе го изнесе на видело сокриеното во мракот и ќе ги објави намерите на срцата; и тогаш секој ќе ја прими својата пофалба од Бога.
6Ова браќа, заради вас го применив на себе и на Аполос, за да се поучите од нас на онаа изрека: „Не мудрувајте повеќе од она што е напишано“, и да не се гордеете еден пред друг поради некого.
7Зашто, кој те смета за нешто посебно? Што имаш, а да не си добил? А штом си добил, зошто се фалиш, како да не си добил?
8Откр 3,17Веќе сте презаситени, веќе се збогативте, се зацаривте без нас; но камо среќа навистина да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас!
915,31; Рим 8,36; 2 Кор 4,11; Евр 10,33Мислам дека нас апостолите Бог нѐ постави најпоследни, како осудени на смрт, зашто станавме глетка за светот – и за ангели и за луѓе.
10Ние сме безумни заради Христос, а вие сте мудри во Христос; ние сме немоќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни.
112 Кор 4,8-12; 6,4-10; 11,23-27До овој час гладуваме и жеднееме, и необлечени одиме, и нѐ тепаат и бездомни скитаме,
12и се трудиме, работејќи со свои раце. Кога нѐ проколнуваат, ние благословуваме, а кога нѐ гонат – истрајуваме;
13кога хулат на нас – одговараме кротко. Станавме како ѓубриштата од светот, отпадок од сите луѓе до денес.
Павловата татковска грижа14 2 Кор 6,13; 1 Сол 2,7 Но ова ви го пишувам не за да ве посрамам, туку да ве вразумам како мои возљубени чеда.
151 Сол 2,11; Фил 1,10Зашто, и да имате десетина илјади учители во Христос, сепак немате многу татковци, бидејќи јас ве родив во Христос Исус преку благовестието.
1611,1Затоа, ве молам, бидете мои подражатели.
17Поради тоа ви го пратив Тимотеј, кој е мое возљубено и верно чедо во Господ; тој ќе ве потсети за моите патишта во Христос, онака како што насекаде и во секоја црква поучувам.
18Некои се возгордеаја, небаре не ќе дојдам кај вас;
19но наскоро ќе дојдам кај вас, ако сака Господ, и ќе ги познаам не зборовите, туку силата на оние што се возгордеале,
202,4; Мт 12,28; Мк 9,1; Рим 14,17; 15,13зашто царството Божјо не е во зборови, туку во сила.
212 Кор 10,2; Гал 6,1Што сакате? Да дојдам кај вас со стап, или со љубов и кроток дух?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.