1 2 Цар 15,23; 3 Цар 2,37; 2 Лет 15,16; Мт 26,36; Мк 14,26.32; Лк 22,39 Штом го рече ова, Исус отиде со Своите ученици преку потокот Кедрон, каде што имаше градина, и Тој влезе во неа со Своите ученици.
2А тоа место го знаеше и Јуда, кој Го предаде, зашто Исус често се собираше таму со Своите ученици.
37,32.45Тогаш Јуда, земајќи една чета војници и поданици на првосвештениците и на фарисеите, дојде таму со фенери, факли и оружје.
413,1.3; 19,11А Исус, знаејќи сѐ што ќе стане со Него, излезе и им рече: „Кого барате?“
58,24Му одговорија: „Исус Назареецот!“ Исус им рече: „Јас сум.“ Со нив стоеше и Јуда, кој Го предаде.
67,46; Пс 26,2; 34,4А кога им рече: „Јас сум“ – тие се повлекоа назад и паднаа на земјата.
7Тогаш повторно ги праша: „Кого барате?“ А тие рекоа: „Исус Назареецот!“
8Исус одговори: „Ви реков дека сум Јас; па, ако Ме барате Мене, оставете ги овие да си одат;“
96,39; 17,12за да се исполни словото што го кажа: „Од оние што си Ми ги дал, ниеден не загубив.“
10Лк 22,36.38А Симон Петар, којшто имаше нож, го извади, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво. Името на слугата беше Малх.
11Мт 26,39; Мк 10,38; 14,36; Лк 22,42Исус, пак, му рече на Петар: „Стави го ножот во ножницата. Зар да не ја испијам чашата што Ми ја даде Отецот?“
Исус пред Ана(Мт 26,57-58; Мк 14,53-54; Лк 22,54)12Тогаш четата и заповедникот, и јудејските поданици, Го фатија Исус и Го врзаа.
13Лк 3,2И Го одведоа најнапред кај Ана, зашто тој беше дедо на Кајафа, кој во таа година беше првосвештеник.
1411,49-51А Кајафа беше оној што ги беше посоветувал Јудејците дека подобро е да умре еден човек за народот.
Петровото одрекување(Мт 27,1-2.11-14; Мк 15,1-5; Лк 23,1-5)15 20,3 По Исус одеа Симон Петар и еден друг ученик. Тој ученик му беше познат на првосвештеникот, па влезе со Исус во дворот на првосвештеникот.
16Мк 14,54А Петар стоеше надвор, покрај вратата. Другиот, пак, ученик, што му беше познат на првосвештеникот, излезе, зборуваше со вратарката и го воведе Петар.
1718,25Тогаш слугинката вратарка му рече на Петар: „Да не си и ти од учениците на Овој Човек?“ Тој рече: „Не сум.“
18А слугите и поданиците беа запалиле оган и стоеја, па се грееја, зашто беше студено. А и Петар беше со нив, стоеше и се грееше.
Исусовото сослушување(Мт 26,59-66; Мк 14,55-64; Лк 22,66-71)19Првосвештеникот, пак, Го праша Исус за Неговите ученици и за Неговото учење.
206,59; 7,26; Ис 45,19; 48,16; Мт 4,23; 26,55; Дела 26,26Исус му одговори: „Јас јавно му зборував на светот; Јас секогаш поучував во синагогата и во храмот, каде што секогаш се собираат Јудејците, а тајно ништо не сум зборувал.
21Зошто Ме прашуваш Мене? Прашај ги оние коишто слушаа што им зборував; ете, тие знаат што велев Јас.“
2219,3; Мт 26,67; Дела 23,2А кога Тој го рече ова, еден од поданиците, што стоеше близу, Му удри шлаканица на Исус и рече: „Така ли му одговараш на првосвештеникот?“
23Мт 5,39; Дела 23,3-5Исус му одговори: „Ако реков нешто лошо, докажи го лошото; ако ли, пак, добро – зошто Ме удираш?“
2411,49; 18,13Тогаш Ана Го прати врзан кај првосвештеникот Кајафа.
Петар повторно се одрекува(Мт 26,71-75; Мк 14,69-72; Лк 22,58-62)25 18,17 А Симон Петар стоеше и се грееше. И му рекоа: „Да не си и ти од Неговите ученици?“ Тој одрече, велејќи: „Не сум.“
2618,1.10Еден од слугите на првосвештеникот, што му беше роднина на оној кому Петар му го беше отсекол увото, рече: „Не те видов ли јас тебе во градината со Него?“
2713,38; Мт 26,34; Мк 14,30; Лк 22,34Тогаш Петар повторно одрече; и веднаш запеа петел.
Исус пред Пилат(Мт 27,1-2; 11,14; Мк 15,1-5; Лк 23,1-5)28 11,55 И Го поведоа Исус откај Кајафа во преторијата. А беше утро и тие не влегоа во преторијата, за да не се осквернат и да можат да ја јадат Пасхата.
29Лк 3,1; 13,1; Дела 3,13-14; 4,27; 13,28; 1 Тим 6,13Тогаш излезе Пилат пред нив и рече: „Какво обвинение изнесувате против Овој Човек?“
30Одговорија и му рекоа: „Ако Тој не беше злосторник, не би ти Го предале!“
3119,6; Дела 18,15А Пилат им рече: „Земете Го вие и судете Му според вашиот закон!“ Јудејците, пак, му рекоа: „Нам не ни е дозволено да погубуваме никого“,
323,14; 8,28; 12,32-33; Мт 20,19; 26,2за да се исполни Исусовото слово, што го рече, кажувајќи со каква смрт ќе умре.
33Тогаш Пилат повторно влезе во преторијата, па Го повика Исус и Му рече: „Ти ли си Царот Јудејски?“
34Исус му одговори: „Ова ти самиот од себе го велиш или други ти кажаа за Мене?“
35Пилат одговори: „Та јас, Јудеец ли сум? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си направил?“
361,11; 6,15; 12,32; Мт 26,53; Лк 17,20; 19,12Исус одговори: „Моето царство не е од овој свет; ако Моето царство беше од овој свет, тогаш Моите поданици би се бореле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но, сега, Моето царство не е одовде.“
373,32-33; 8,45-46; 14,6; 1 Јн 3,19; 4,6; 1 Тим 6,13Тогаш Пилат Му рече: „Значи, Цар си?“ Исус одговори: „Ти велиш дека Јас сум Цар. Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да ја сведочам вистината; секој што е од вистината, го слуша Мојот глас.“
Исус е осуден на смрт(Мт 27,15-31; Мк 15,6-20; Лк 23,13-15)38 Дела 24,25; 26,28 Пилат Го праша: „Што е вистина?“ И кога го рече ова, повторно излезе кај Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина во Него.
39Но кај вас е обичај да ви ослободувам по еден за Пасха. Сакате ли да ви Го ослободам Царот Јудејски?“
40Дела 3,14Тогаш повторно повикаа сите, велејќи: „Не Овој, туку Варава.“ А Варава беше разбојник.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.