1 Дан 2,21; Мт 24,36; Дела 1,7 А за времињата и годините, браќа, нема потреба да ви се пишува,
2бидејќи вие самите многу добро знаете дека денот Господов ќе дојде како крадец во ноќта.
3Ер 4,31; 6,14; 8,11; Лк 21,34-35; Јн 16,21-22; 2 Сол 1,9И додека уште велат: „Мир и безопасност!“, Тогаш ненадејно ќе ги снајде пропаст како родилни болки на бремена жена, и не ќе можат да ја избегнат.
4Јн 12,46; Дела 26,18; 1 Јн 2,8Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да ве затече како крадец.
5Лк 16,8; Јн 8,12; Рим 13,12; Ефес 5,8-9Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот; ние не ѝ припаѓаме на ноќта, ниту на темнината.
6Мт 24,42-44; 25,1-12; Рим 13,11; 1 Птр 1,13; 5,8И така, да не спиеме, како другите, туку да бидеме будни и трезвени.
7Зашто оние што спијат, ноќе спијат, и оние што се опиваат, ноќе се опиваат.
81,3; Ис 59,17; Мудр 5,18Ние, пак, кои му припаѓаме на денот, да бидеме трезвени и облечени во оклопот на верата и љубовта и со шлемот на надежта за спасение,
91,10; 2 Сол 2,14зашто Бог не нѐ определи за гнев, туку за да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос,
104,14; Рим 14,8-9Кој умре за нас, за ние да живееме заедно со Него, било да сме будни, било да спиеме.
11Ефес 2,20-22; 5,19; Кол 3,16; Јуда 1,20Затоа, утешувајте се меѓу себе и надградувајте се еден со друг, како што и правите!
Последни препораки и поздрави12 1 Кор 16,16-18; Гал 6,6; 1 Тим 5,17; Евр 13,17 И ве молам, браќа, да ги почитувате оние што се трудат меѓу вас, оние што ве водат во Господа и ве укоруваат.
13Мк 9,50Ценете ги со најголема почит и љубов заради нивното дело. Живејте во мир меѓу себе!
142,12; Ис 35,4; Мт 18,15; Рим 14,1; 1 Кор 8,7; 13,4Браќа, ве молиме, поучувајте ги неуредните, охрабрувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите.
15Гледајте никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш стремете се да правите добро еден на друг и на сите!
16Радувајте се секогаш!
17Лк 18,1; Рим 12,12; Кол 4,2Молете се непрестајно!
18Ефес 5,20Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја за вас во Христос Исус!
19Ефес 4,30Не гаснете Го Духот!
20Не презирајте ги пророштвата!
211 Кор 14,29; 1 Јн 4,1Сѐ испитувајте, за доброто држете се!
22Воздржувајте се од секакво зло!
23Ис 11,6; Рим 15,33; 2 Сол 3,16А Самиот Бог на мирот нека ве освети потполно, и целиот ваш дух, и душата, и телото беспрекорно да се запазат за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!
24Верен е Оној што ве повикува. Тој и ќе го направи тоа.
25Браќа, молете се за нас!
26Поздравете ги сите браќа со свет целив!
27Ве заколнувам во Господ ова послание да им го прочитате на сите свети браќа.
28Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.