1Кога дојде денот Педесетница, сите беа еднодушни и собрани на едно место.
2 од денот;
16но ова е претскажаното преку пророкот Јоил:
17Јоил 2,28-32’И ете во последните денови, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат вашите синови и ќерки, и вашите млади ќе имаат виденија и вашите старци ќе сонуваат соништа.
184 Мојс 11,29Па дури и врз Моите слуги и слугинки во тие денови ќе излеам од Мојот Дух, и тие ќе пророкуваат.
19И ќе покажам чуда горе на небото и знаци долу на земјата – крв, оган и облаци чад.
20Амос 5,18-20Сонцето ќе се претвори во темнина, а месечината во крв, пред да настапи великиот и славен ден Господов.
214,12; Рим 10,13; 1 Кор 1,2И тогаш, секој што ќе го повика името Господово, ќе се спаси.‘
22Луѓе Израилци, слушнете ги овие зборови: Исус Назареецот, Човекот посведочен пред вас од Бога со дела, чудеса и знаци, кои, како што и сами знаете, Бог преку Него ги направи меѓу вас,
23беше предаден според определениот Божји план и предзнаење, а вие Го распнавте преку рацете на беззакониците и Го убивте.
24Пс 17,3-5Но Бог Го воскресна, ослободувајќи Го од смртните маки, бидејќи не беше можно смртта да Го задржи.
25Пс 15,8-11Зашто Давид за Него вели: ’Секогаш Го гледав Господ пред себе. Зашто Тој е од мојата десна страна, за да не се поместам.
26Затоа се развесели моето срце и се зарадува мојот јазик; па дури и моето тело ќе почива во надеж;
2713,34-37зашто нема да ја оставиш мојата душа во адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање.
28Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со веселба преку Твоето лице.‘
29Браќа, можам слободно да ви зборувам за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а неговиот гроб е меѓу нас сѐ до овој ден.
302 Цар 7,12-13; Пс 88,3; 131,11А, бидејќи беше пророк и знаејќи дека Бог му беше ветил со заклетва дека од плодот на неговите бедра ќе Го подигне Христос по тело и ќе Го постави на Својот престол,
31Пс 15,10го предвиде ова и кажа за воскресението на Христос дека ниту Неговата душа ќе биде оставена во адот, ниту Неговото тело ќе види распаѓање.
32Бог Го воскресна Овој Исус. За тоа сите ние сме сведоци.
331,4И затоа, Тој, откако беше воздигнат оддесно на Бога и го прими од Отецот ветувањето на Светиот Дух, го излеа ова што сега вие го гледате и го слушате.
34Пс 109,1Зашто Давид не се вознесе на небесата, туку самиот вели: ’Му рече Господ на мојот Господ: Седни од Мојата десна страна,
35Лк 20,43додека не ги поставам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе.‘
36Мт 10,6; 15,24И затоа, нека знае со сигурност сиот Израилев дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос.“
Првите покрстувања37Кога го слушнаа тоа, им се растреперија срцата, па им рекоа на Петар и на другите апостоли: „Браќа, што да направиме?“
385,31; 13,38-39; Лк 24,47-48А Петар им рече: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе го примите дарот на Светиот Дух.
39Ис 57,19; Јоил 3,4Зашто ветувањето ви припаѓа вам и на вашите чеда и на сите што се далеку, а кои ќе ги повика Господ, нашиот Бог.“
405 Мојс 32,5; Мт 17,17; Гал 1,4; Фил 2,15И со многу други зборови сведочеше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од ова изопачено поколение!“
41И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се присоединија во тој ден околу три илјади души.
Животот во првата христијанска заедница42 2,46; Лк 24,35 И беа истрајни во учењето на апостолите, во заедништвото, во прекршувањето на лебот и во молитвите.
4320,7-11И страв ја обзеде секоја душа, зашто многу чуда и знаци се вршеа преку апостолите.
44А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко.
45Тие ги продаваа имотите и сопственоста и на секого му раздаваа колку што му беше потребно.
46И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по куќите, се хранеа со радост и со чисто срце,
474,21; 11,18; 13,48; 21,20; 2 Кор 2,15Го фалеа Бога и стекнуваа благонаклонетост кај целиот народ. А Господ секој ден ги присоединуваше кон Црквата оние кои се спасуваа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.