1 1,25; 1 Кор 7,12-16; Ефес 5,22; Кол 3,18; Тит 2,5 Исто така и вие, жените, покорувајте им се на своите мажи, та, дури и оние што не му се послушни на словото, да бидат придобиени без слово, преку поведението на своите жени,
2откако ќе го видат вашето однесување коешто е во стравопочит и чистота.
3Ис 3,16; 1 Тим 2,9-15Таквото поведение да не биде надворешно, односно со плетење на косите, китење со злато или облекување на убави облеки,
4Мт 6,4.6.18туку скришно, во срцето на човекот, во непропадливоста на кроткиот и тих дух, зашто тоа е скапоцено пред Бога.
5Зашто така некогаш се украсуваа себеси и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на своите мажи,
61 Мојс 18,12; Гал 4,28како што Сара му беше послушна на Авраам, нарекувајќи го господар. Вие сте нејзини чеда, ако правите добро и не се боите од никакво заплашување.
7Ефес 5,25; Кол 3,19Исто и вие, мажите, живејте разумно со нив, давајќи им почит како на послаб сад, како на сонаследници на благодатниот живот, за да не бидат попречувани вашите молитви.
Страдање заради правда8 Рим 12,14-18 А најпосле, бидете сите едномислени, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, смиреномудрени;
92,23; Мт 5,38.43; Лк 6,28; 1 Сол 5,15не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив, благословувајте, знаејќи дека за тоа сте повикани, за да наследите благослов.
10Пс 33,12-16„Зашто, кој сака да го љуби животот и сака да види добри денови, нека го пази својот јазик од зло, и неговите усни да не зборуваат лаги.
11Нека одбегнува зло и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него –
12бидејќи очите на Господ се вперени кон праведните, и Неговите уши – кон нивните молитви, а лицето на Господ е против оние кои прават зло.“
Доверба наместо прогонување13И кој ќе ви направи зло, ако го подражавате доброто?
142,20; 4,14; Ис 8,12; Изреки 3,25; Мт 5,10; 10,26-31Но, ако и страдате за правда, блажени сте; не плашете се од нивното заплашување и не тревожете се;
15Ис 8,13туку Господ Бог почитувајте Го во своите срца, а бидете секогаш подготвени со кротост и стравопочит, за одговор на секого што од вас ќе побара сметка за вашата надеж.
162,12.15 Имајте чиста совест, та со тоа, што ве клеветат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос.
172,20Зашто, ако ѝ е угодно на волјата Божја, подобро е да страдате правејќи добро, отколку вршејќи лошо.
Победата на Христос се покажува во сите18 2,21-24; Рим 5,6; 6,10; Ефес 2,18; Евр 9,26-28 Бидејќи и Христос еднаш пострада за гревовите, Праведниот за неправедните, за нас да нѐ доведе кај Бога; Тој беше умртвен по тело, но оживеа преку Духот.
19Со Него отиде да им проповеда и на духовите кои беа в затвор,
201 Мојс 6,1-7; 7,7; 2 Птр 2,5; 3,9кои некогаш не се покорија кога Божјата долготрпеливост ги очекуваше, во времето на Ное, при правењето на ковчегот, во кој малкумина, односно осум души се спасија преку водата.
211,3; Рим 6,4; Кол 2,12-13; Евр 10,22Таа преку образот на крштевањето и сега нѐ спасува, но не со отстранувањето на телесната нечистотија, туку со барањето на чиста совест од Бога, преку воскресението на Исус Христос,
22Дела 2,33; Ефес 1,20-21; Кол 2,15Кој, откако се вознесе на небото, е оддесно на Бога, а Кому Му се покоруваат ангелите, властите и силите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.