1 Мт 5,29; 1 Кор 8,12 Исус, пак, им рече на Своите ученици: „Не е можно соблазните да не дојдат, но тешко на оној преку кого доаѓаат;
2за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие мали.
33 Мојс 19,17; Мт 18,15; Гал 6,1Внимавајте на себе. Ако се огреши твојот брат кон тебе, укори го и, ако се покае, прости му.
4И ако седумпати на ден се огреши кон тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ’Се каам‘ – прости му.“
Моќта на верата(Мт 17,20)5 6,13; Мк 9,24 И апостолите Му рекоа на Господ: „Засили ни ја верата!“
6Мт 13,32; 17,20; 21,21; Мк 4,31; 11,23; 1 Кор 13,2А Господ им рече: „Кога би имале вера колку синаповото зрно и ѝ речете на онаа црница: ’Откорни се и пресади се в море!‘ – таа би ве послушала.
Должноста на слугата7Кој од вас, кога ќе се врати од поле неговиот слуга, кој орал или чувал овци, веднаш ќе му рече: ’Дојди и седни на трпеза!‘
8Јн 13,3-5Нема ли да му каже: ’Приготви ми да вечерам, препаши се и служи ме додека јадам и пијам, а потоа ти јади и пиј!‘
9Јов 22,3; 35,7Зар ќе му благодари на тој слуга што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не.
10Мт 25,30Па така и вие, откако ќе исполните сѐ што ви е заповедано, речете: ’Ние сме бесполезни слуги, зашто го извршивме она што бевме должни да го извршиме.‘“
Исус лекува десетмина лепрозни11 9,51; 13,22; 19,28; Мк 9,30; Јн 4,4 А кога одеше за Ерусалим, Тој поминуваше меѓу Самарија и Галилеја.
123 Мојс 13,45-46; Мт 8,2 И влегувајќи во едно село, Го сретнаа десет лепрозни луѓе, кои застанаа подалеку,
13Мт 9,27; 15,22и со силен глас повикаа: „Исусе, Учителе, смилувај ни се!“
145,14; 3 Мојс 14,2-32Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ И тие, уште додека одеа, се очистија.
152,20А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се врати и гласно Го прослави Бога;
169,52-53и падна ничкум пред Неговите нозе, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин.
17Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се очистија десетмина? Каде се другите девет?
18Зар не се најдоа да се вратат и другите и да Му воздадат слава на Бога, туку само овој туѓинец?“
197,50; 8,48; 18,42; Мк 10,52И му рече: „Стани, оди си! Твојата вера те спаси!“
За доаѓањето на царството Божјо(Мт 24,23-28.37-41)20 9,11; Мт 3,2; 4,17; 6,10; Дела 1,6 Запрашан од фарисеите кога ќе дојде царството Божјо, Тој им одговори: „царството Божјо не доаѓа забележливо,
2117,23; Мт 24,23ниту, пак, ќе се каже: ’Еве, овде е‘ или: ’Ете, онде е‘. Зашто царството Божјо е внатре во вас.“
22Амос 5,18; Мт 8,20; Мт 9,15; 1 Кор 1,8И им рече на учениците: „Ќе дојдат денови кога ќе копнеете да видите еден од деновите на Синот Човечки, и нема да видите:
2319,11; 21,8-9; Мт 24,23-27; Мк 13,21и ќе ви речат: ’Еве Го, овде е‘ или: ’Ете, онде е‘. – Но, не одете таму и не следете ги!
24Откр 1,7Зашто, молњата, кога ќе блесне, го осветлува она што е под небото од едниот до другиот крај, така ќе биде и со Синот Човечки во Неговиот ден.
2518,32; Мт 16,21; Мк 8,31Но, најпрво Тој треба многу да пострада и да биде отфрлен од ова поколение.
261 Мојс 6,5-12Како што беше во Ноевите денови, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки:
271 Мојс 7,6-23јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, сѐ до денот кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите.
281 Мојс 18,20-21; 19,1-29; 2 Птр 2,5 Исто така, како што беше и во деновите на Лот: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа;
291 Мојс 19,24; 2 Птр 2,7но во денот кога Лот излезе од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги погуби сите;
30така ќе биде и во денот кога ќе се јави Синот Човечки.
3121,21; 1 Мојс 19,17; Ер 4,6; 48,6; 49,8.30; 51,6; Мт 24,17-18; Мк 13,15-16Во тој ден, кој е на покрив, а покуќнината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; а така и оној што е в поле, да не се враќа назад.
321 Мојс 19,26Сетете се на Лотовата жена.
339,24; Мт 10,39; 16,25; Мк 8,35; Јн 12,25Ако некој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а ако некој сака да го загуби, ќе го запази.
34Мт 24,40-41Ви велам: во таа ноќ двајца ќе бидат на една постела: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен;
35две жени ќе мелат заедно: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена.“
36„Двајца ќе бидат на нива: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен.“
37Ис 18,6; 34,15-16; Ер 7,33; 15,3; Ез 39,17; Јов 39,30; Мт 24,28И, одговарајќи Му, Го прашаа: „Каде, Господи?“ А Тој им рече: „Каде што е трупот, таму ќе се соберат и орлите.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.