1 Кол 2,13 И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,
2Јн 12,31; 2 Кор 4,4; Кол 3,7; Тит 3,3во кои некогаш живеевте според духот на времето на овој свет, според кнезот на воздушната власт, односно на духот, кој сега дејствува во синовите на непокорот,
3Рим 1,18; 3,9.20.23меѓу кои и ние сите некогаш се водевме според желбите на нашето тело, извршувајќи ги желбите на телото и на помислите, и по природа бевме, како и другите, чеда на гневот.
4Но Бог, Кој е богат со милост, поради Својата голема љубов, со која нѐ возљуби,
5Лк 15,24.32; Дела 15,11; Кол 2,13иако бевме мртви поради нашите прегрешенија, нѐ оживеа во Христос – по благодат сте спасени –
6Кол 3,1-4нѐ воскресна со Него и нѐ постави со Него на небесата, во Христос Исус,
7за во идните векови да го покаже преизобилното богатство на Својата благодат, преку добрината кон нас во Христос Исус.
82,5; Јн 4,10; Дела 15,11; Рим 3,24; Гал 2,16; Евр 6,4Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји е!
9Рим 3,28; 1 Кор 1,29; 2 Тим 1,9Не е од дела, за да не се пофали некој.
102 Кор 5,17; Тит 2,14Бидејќи сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела, што Бог однапред ги подготви, за да живееме во нив.
Едно во Исус Христос11Затоа помнете дека вие, некогашните незнабошци по тело – наречени необрезани од оние што себеси се нарекуваат обрезани – со обрезание извршено на телото со рака, –
12Рим 9,4-5; Кол 1,20-21; 1 Сол 4,13во она време бевте без Христос, отстранети од Израилевото општество, туѓи на заветите на ветувањето, без никаква надеж и безбожни во светот;
132,17; Ис 57,19; Дела 2,39; Кол 1,20но сега, во Христос Исус, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку Христовата крв.
141 Кор 12,13; Кол 1,20; 2,14
Ис 9,6-7; Гал 3,28Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двата народа направи еден и ја разруши преградата што беше меѓу нив.15Тој со Своето тело го уништи непријателството, а законот на заповедите и одредбите го обессили, за да создаде во Себе од двата народа еден нов човек, воспоставувајќи мир,
16та во едно тело да ги помири обата со Бога преку крстот, откако на него го уништи непријателството.
17Ис 52,7; 57,19; Зах 9,10Тој дојде да ви благовести мир на сите вас, и далечни и блиски,
183,12; Рим 5,2; 8,15; Евр 7,25; 1 Птр 3,18зашто преку Него и едните и другите имаме пристап кај Отецот, во едниот Дух.
193,6; Евр 12,22-23И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и членови на Божјото семејство,
20Ис 28,16; Мт 16,18; 1 Кор 3,9-11зашто се утврдивте на темелите поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како аголен камен Самиот Исус Христос,
211 Кор 3,16; 2 Кор 6,15; Кол 2,19врз Кого целата градба, складно составена, прераснува во свет храм во Господа;
221 Птр 2,5во Кого и вие, изградувајќи се, станувате живеалиште на Бога во Духот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.