1И Тој повторно влезе во синагогата, а таму имаше еден човек со исушена рака.
2И внимаваа на Него, дали ќе го излекува во саботен ден, за да Го обвинат.
3А Тој му рече на човекот со исушената рака: „Застани насреде!“
4 и дека демоните ги истерува со силата на началникот на демоните.
231,13И, кога ги повика, им говореше во параболи: „Како може сатаната да изгонува сатана?
24Ако едно царство се раздели самото против себе, тоа царство не може да се одржи;
25и, ако еден дом се раздели самиот против себе, тој дом не може да опстане;
26ако и сатаната се дигнал против себеси, и се разделил, не ќе може да се одржи, туку му дошол крајот.
276,17; Ис 49,24-25; 53,12; Откр 20,2Никој не може, кога ќе влезе во куќата на силен човек, да му ја ограби покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и дури тогаш ќе ја ограби куќата.
282,7; 1 Тим 1,13Вистина ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите гревови и хули, колку и да хулеле;
29Лк 12,10; Евр 6,4-6; 1 Јн 5,16но кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости довека, туку ќе биде виновен пред вечниот суд.“
303,22Зашто велеа: „Нечист дух има во Него.“
Исусовото семејство(Мт 12,46-50; Лк 8,19-21)31 6,3; Јн 2,12; Дела 1,14 И дојдоа мајка Му и Неговите браќа, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.
32Мт 13,55-56А околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и Твоите браќа и сестри се надвор и Те бараат.“
33А Тој им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?“
34Па, погледнувајќи кон оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа.
35Мт 6,10; Ефес 6,6; Евр 10,7.9.36; 1 Јн 2,17Зашто оној што ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра и мајка!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.