1 1,29 По неколку дена, Тој повторно дојде во Капернаум; и се расчу дека е во куќата.
23,20; Дела 4,29.31; 8,25Веднаш се собраа мнозина, така што немаше место ни пред вратата; а Тој им го проповедаше словото.
3И дојдоа кај Него со еден неподвижен, кого го носеа четворица;
4па, бидејќи не можеа да пријдат до Него од народот, го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Тој, и ја спуштија постелата, на која лежеше неподвижниот.
55,34.36; Лк 7,48А Исус, гледајќи ја нивната вера, му рече на неподвижниот: „Синко, ти се простуваат гревовите!“
6Таму седеа некои од книжниците и си помислија во своите срца:
7Ис 43,25; Пс 102,3; 1 Јн 1,9„Зошто Овој такви хули изговара?! Кој може да простува гревови, освен единиот Бог?“
8Мт 12,25Исус веднаш дозна со Својот дух дека тие така мислат во себе, па им рече: „Зошто го помислувате тоа во своите срца?
9Што е полесно – да му кажам на неподвижниот: ’Ти се простуваат гревовите‘, или да кажам: ’Стани, земи си ја постелата и оди‘?
10Мт 8,20Но за да знаете дека Синот Човечки има власт да проштева гревови на земјата“ – му рече на неподвижниот –
11„Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!“
12Мт 5,16; 9,8.33; Рим 15,6.9; 1 Кор 6,20; 1 Птр 2,12; Откр 15,4И тој веднаш стана, па, штом ја зеде постелата, излезе пред сите – така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Никогаш вакво нешто не сме виделе!“
Исус го повикува Левиј и ги прифаќа грешниците(Мт 9,9-13; Лк 5,27-32)13 1,22; 3,7-8; 6,2 И Исус повторно излезе покрај морето, и сиот народ доаѓаше кај Него, и Тој ги поучуваше.
14Мт 9,9; Лк 5,27-29; 9,59И минувајќи, го виде Левиј Алфеев, кој седеше на местото за прибирање данок, и му рече: „Врви по Мене!“ И тој стана и тргна по Него.
15Мт 11,19; Лк 7,34
Мт 5,46А кога Исус седеше на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и Неговите ученици и многу даночници и грешници; зашто тие беа мнозина и врвеа по Него.16Книжниците и фарисеите, штом Го видоа како јаде со даночници и грешници, им рекоа на Неговите ученици: „Зошто Тој јаде и пие со даночници и со грешници?“
1710,45Кога го чу тоа Исус, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание.“
За постот. Старото и новото(Мт 9,14-17; Лк 5,33-39)18 Мт 6,16; 11,2 Учениците на Јован и на фарисеите постеа. И дојдоа некои, па Му велеа: „Зошто учениците на Јован и на фарисеите постат, а Твоите ученици не постат?“
19Мт 23,15Исус им рече: „Зар можат сватовите да постат кога младоженецот е со нив!? Додека е со нив младоженецот, тие не можат да постат;
20но ќе дојдат денови, кога ќе им го одземат младоженецот и тогаш, во тие денови, и тие ќе постат.
21Никој не крпи ново парче ткаенина врз стара облека; инаку, нејзиното ново парче ќе се откине од старото и отворот ќе биде уште поголем.
22Јн 1,17; 2 Кор 5,17; Гал 1,6И никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги расцепи мевовите и виното ќе истече, а мевовите ќе се упропастат; туку ново вино се става во нови мевови.“
За саботниот ден(Мт 12,1-8; Лк 6,1-5)23 5 Мојс 23,24 И се случи во саботен ден да минува преку нивите, и врвејќи, Неговите ученици почнаа да кинат класје.
242 Мојс 34,21А фарисеите Му рекоа: „Гледај, зошто го прават во сабота тоа што не е допуштено?“
25Но Тој им рече: „Зар никогаш не сте читале што направи Давид, кога имаше потреба и огладне тој и оние што беа со него?
262 Мојс 25,30; 1 Цар 21,1-6; 2 Цар 15,35 Како, во времето на првосвештеникот Авијатар, влезе во Божјиот дом и ги изеде лебовите на предложението, што не смееше да ги јаде никој друг освен свештениците, па им даде и на оние што беа со него!“
272 Мојс 20,8-11; 31,14; 5 Мојс 5,12-14; 1 Мак 2,39-41; Мт 12,11-12Потоа продолжи: „Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата.
28Мт 8,20Па така, Синот Човечки е господар и на саботата.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.