Тит 1 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Поздрав

1 Рим 1,1; Фил 1,1 Павле, Божји слуга и апостол на Исус Христос за поткрепување на верата на Божјите избраници и за спознавање на вистината која води кон благочестие,

22 Мојс 23,19; 2 Тим 2,13со надеж за вечниот живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже,

3Дела 1,7; Рим 3,26; 1 Тим 1,1и Кој во Свое време го објави Своето слово преку проповедта што ми ја довери мене по заповед на Бога, нашиот Спасител,

42 Кор 2,13; 8,23; Гал 2,3; 1 Тим 1,2; 2 Тим 4,10до Тит, моето вистинско чедо по за­едничката ни вера. Благодат, милост и мир од Бога Отецот и од Господ Исус Хрис­тос, нашиот Спасител!

Задолженијата на Тит во Крит

5Во Крит те оставив за да го довршиш незавршеното и во сите гра­дови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал:

61 Тим 3,2-7ако е некој непорочен, маж на една жена, и ако има деца што веруваат, што не се укорувани за разузданост или непокорност.

71 Тим 3,15; Евр 3,2Зашто, епископот, како управител на Божјиот дом, треба да е непорочен, да не е гневлив, ни пијаница, ни насилник, ни алчен за нечесна добивка,

81 Тим 3,2-7; 2 Тим 2,24-26; 1 Птр 5,2туку гостољубив, доброљубив, благоразумен, справедлив, свет, воздржлив;

92,1; 1 Тим 1,10; 2 Тим 4,3да се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои му се противат.

Лажните учители

10 1 Тим 4,1; 2 Тим 3,13 Зашто има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните.

112 Тим 3,6; 1 Птр 5,2 На таквите треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, и тоа за гнасна печалба.

12Еден од нив, нивен пророк, беше рекол: „Критјаните се секогаш лаж­ливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта.“

132 Тим 4,2Тоа сведоштво е вистинито. Поради таа причина укорувај ги строго, за да бидат здрави во верата,

141 Тим 1,10; 4,7и да не обрнуваат внимание на јудејски приказни и на за­поведи од луѓе кои се одвраќаат од вистината.

15Мт 15,11; 15,18-20; 23,25-26; Рим 14,14-20За чистите сѐ е чисто, а на осквернетите и на неверните ништо не им е чисто; напротив, ним им се осквернети и умот и совеста.

162 Тим 3,5; 1 Јн 1,6; 2,4Тврдат дека Го познаваат Бога, но со делата Го одрекуваат, бидејќи се одвратни, непокорни и неспособни за никакво добро дело.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help