1 Кол 3,20-21 Вие, децата, бидете им послушни на своите родители во Господа, зашто тоа е праведно.
22 Мојс 20,12; 5 Мојс 5,16; Мт 15,4„Почитувај ги својот татко и својата мајка!“ – тоа е првата заповед со ветување –
3„за да ти биде добро, и да живееш долго на земјата.“
45 Мојс 6,7.20-25; Изреки 19,18; Кол 3,21И вие, татковците, не дразнете ги своите деца, туку подигнувајте ги во воспитанието и науката на Господ.
Слуги и господари5 Тит 2,9; 1 Птр 2,18 Кол 3,22–4,1 Вие, слугите, бидете им послушни на своите телесни господари со страв и трепет, во простота на срцето, како на Христос,
6не работете само за пред очи, како човекоугодници, туку како Христови слуги, кои ја извршуваат волјата Божја од сета своја душа,
7служејќи со добра волја, како да Му служите на Господ, а не на луѓе,
82 Кор 5,10знаејќи дека секој, па било тоа роб или слободен, ќе добие од Господ според доброто, што го направил.
95 Мојс 10,17; Кол 3,25; 4,1А и вие, господари, така однесувајте се кон нив и бидете умерени во строгоста, знаејќи дека и над вас самите има Господар на небесата, во Кого нема пристрасност!
Оружјето што ни го дава Бог10 Кол 1,11 Па така, браќа, зајакнувајте се во Господа и во моќта на Неговата сила!
11Рим 13,12; 2 Кор 6,7; 10,4; 1 Сол 5,8Облечете се целосно со оружјето и оклопот Божји за да можете да им одолеете на ѓаволските итроштини;
122,2зашто нашата борба не е против крв и месо, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината од овој свет, против небесните духови на злобата.
13Затоа земете го оружјето и оклопот Божји, за да можете да се спротивставите во денот на злото, та, откако ќе завршите сѐ, да опстоите.
14Ис 11,5; 59,17; Мудр 5,18; 1 Сол 5,8И така стојте цврсто, препашани со вистината и облечени во оклопот на праведноста;
15Ис 40,3.9; 52,7; Рим 10,15и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за благовестието на мирот.
16А над сѐ, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите вжештени стрели на лукавиот;
17Ис 11,4; 49,2; 59,17; Ос 6,5; Евр 4,12; Откр 1,16земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!
18Мт 26,41; Лк 18,1; 1 Кор 14,15-16; Кол 4,2-4; 1 Сол 5,17Со секаква молитва и молба во секое време молете се во Духот, и во такво расположение, бидете будни со целосна истрајност и молитва за сите светии
19Лк 21,15; Дела 4,29; 28,31; Рим 15,30; Кол 4,3; 2 Сол 3,1и за мене, та кога ќе ја отворам устата да ми се даде слово за слободно да ја соопштувам тајната на благовестието,
202 Кор 5,20заради кое сум пратеник во окови, за да го проповедам смело, како што ми прилега.
Последни поздрави21 Дела 20,4; Кол 4,7-8; 2 Тим 4,12 А за да знаете и вие како сум и што работам, за сѐ ќе ве извести Тихик, возљубениот брат и верен служител во Господ,
22кого токму заради тоа го пратив кај вас, за да дознаете како сме и да ви ги утеши срцата.
231 Птр 1,8Мир на браќата и љубов со вера од Бога Отецот и од Господ Исус Христос.
24Благодатта нека биде со сите што Го љубат нашиот Господ Исус Христос со нераспадлива љубов. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.