Филипјаните 2 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Единство во понизноста

1 2 Кор 13,13; Кол 3,12 И така, ако во Христос има нека­ква утеха, ако има некакво охрабрување од љубовта, ако има некаква заедница на Духот, ако има некое милосрдие и сочувство,

2Рим 15,5; 1 Кор 1,10-16направете ми ја радоста потполна со тоа што исто ќе размислувате, имајќи иста љубов, еднодушни и ед­но­мислени;

3Рим 12,10; Гал 5,26не правете ништо за лична корист или за празна слава, туку секој со смиреномудрие нека го смета другиот за подобар од себе!

42,21; 1 Кор 10,24.33; 13,5Не грижете се само за своето, ту­ку и за другите!

5Јн 13,15; Рим 15,5; 1 Јн 2,6Затоа вашето размислување нека биде како она на Христос Исус,

6Јн 1,1-2; 17,5; Кол 1,15; Евр 1,3Кој, иако беше во образ Божји, не сме­таше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога;

7Мт 20,28; Јн 1,14; Рим 8,3; 2 Кор 8,9; 1 Тим 2,5; Евр 2,14.17туку се понизи Себеси, земајќи образ на слуга и се изедначи со луѓето;

8Мт 26,39; Јн 4,34; 6,38; 10,17; Рим 5,19; Евр 2,9; 5,8; 12,2и по из­глед се покажа како човек, Самиот се понизи, и беше послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст.

9Мт 23,12; Јн 12,32; Ефес 1,20-23; Евр 1,3-4Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име,

10Ис 45,23; Рим 14,11; Ефес 3,14; 4,10; Кол 1,18-20та во името на Исус да се поклони секое колено на сѐ што е небесно, земно и подземно,

11Дела 2,36; Рим 1,4; 10,9и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот.

Христијаните – светлост на светот

12 Пс 2,11-12; 1 Кор 2,3; 2 Кор 7,15 Затоа, возљубени мои, како што се­когаш бевте послушни, не само во мое при­суство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го своето спасение,

131 Кор 12,6; 15,10; 2 Кор 3,5; Ефес 2,10; 1 Сол 2,13; Евр 13,21зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Не­го­вата добра волја.

144 Мојс 14,2.9; 1 Кор 10,10; 1 Птр 4,9 Сѐ правете без мрморење и дво­уме­ње,

151,10; 5 Мојс 32,5; Дан 12,3; Мт 5,14; 10,16; 12,39; Дела 2,40за да бидете беспрекорни и чисти, не­по­роч­ни Божји чеда сред изопачено и развратно поколение, во кое светите како светила во светот,

161,6; Ис 49,4; 65,23; Дела 20,24; 1 Кор 1,8; Гал 2,2; 4,11; 1 Сол 2,1.19; 3,5цврсто држејќи се за словото на животот, за да имам со што да се пофалам во денот Христов, дека не трчав напразно и не се трудев на­празно.

173,3; Рим 12,1; 15,16; 2 Тим 4,6Но, дури и ако се принесувам како полевање врз жртвата и службата на вашата вера, се ра­дувам сам и се радувам со сите вас.

183,1; 4,4Радувајте се и вие, зарадувајте се со мене!

Мисиите на Тимотеј и Епафродит

19 Дела 16,1 Се надевам во Господ Исус дека наскоро ќе ви го пратам Тимотеј, та и јас, откако ќе разберам како сте, да се утешам.

201,15-17Зашто немам ниту еден исто­мисленик, кој толку искрено би се гри­жел за вас.

212,4; 2 Тим 4,10Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос.

221,1.5Но неговата опитност ви е позната; тој, како син кон татко, заедно со мене слугуваше при благовестењето.

23Значи, се надевам дека него ќе го ис­пратам веднаш, штом ќе дознаам што ќе стане со мене;

241,25; Рим 14,14но во Господа сум уверен дека и сам наскоро ќе дојдам кај вас.

254,18Сметав дека е неопходно да го испратам кај вас Епафродит, мојот брат, сотрудник и соборец, а вашиот пратеник и служителот на моите потреби,

26бидејќи тој копнееше за си­те вас и беше нажален што сте чуле де­ка бил болен.

27Зашто тој боледуваше речиси до умирање; но Бог го помилува, и не само не­го, туку и мене, за да не ми се натовари една жалост врз друга.

28Поради тоа го испратив што поскоро, та, штом ќе го видите повторно, да се израдувате, а јас да бидам помалку нажален.

291 Кор 16,16; 1 Тим 5,17Затоа, примете го во Господа со се­каква радост, и за таквите имајте почит,

30Дела 20,24; 2 Кор 8,14; Кол 1,24бидејќи за Христовото дело тој бе­ше близу до смрт, не жалејќи го својот живот за да го надополни служењето што ми недостига од вас.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help