Галатјаните 4 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Од ропството на Законот во слобода

1Но ви велам: додека наследникот е малолетен, тој со ништо не се разликува од роб, иако е господар на сѐ;

2туку е под настојници и управители до рокот определен од таткото.

3Кол 2,20Така и ние, додека бевме малолетни, бевме поробени од стихиите на светот;

4Мк 1,15; Јн 1,14; Рим 1,3; Ефес 1,10но, кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од же­на и Кој се роди под Законот,

53,13.26за да ги откупи оние што се под За­конот, та да го примиме посинувањето.

6Рим 8,15А бидејќи вие сте синови, Бог во вашите срца Го ис­прати Духот на Својот Син, Кој извикува: „Ава, Оче!“

73,29; Јн 15,15Затоа не си веќе роб, туку син; а ако си син, тогаш си и Бож­ји наследник преку Христос.

Беспокојството на Павле за Галатјаните

8 Ис 37,19; Ер 2,11; 2 Лет 13,9; 1 Кор 8,4-6 Но тогаш, бидејќи не Го познававте Бога, им робувавте на оние кои по својата природа не се богови;

91 Кор 8,3а сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна вас, како сега повторно се навраќате кон слабите и бед­ни стихии, на кои сакате одново да им робувате?

10Рим 14,5Внимавате на деновите, месеците, времињата и годините.

11Фил 2,16Се плашам за вас, да не сум се тру­дел напразно меѓу вас.

121 Кор 4,16Ве молам, браќа, станете како мене, зашто и јас станав како вас. Вие со ништо не сте ме навредиле:

131 Кор 2,3знаете дека, кога за првпат ви благовестев, тоа бев заради телесната немоќ,

14но вие не го презревте искушението на моето тело, ниту се згрозивте од него, туку ме примивте како Божји ангел, како Христос Исус.

15Колку ли само големо беше вашето блаженство тогаш? Ви све­до­чам дека, ако беше можно, и своите очи ќе си ги извадевте и ќе ми ги дадевте.

16Амос 5,10; 2 Кор 12,15 Зар ви станав непријател затоа што ви ја зборувам вистината?

17Нивната ревност кон вас не е за добро, туку сакаат да ве одвојат од мене, за да ревнувате за нив.

18Добро е секогаш да ревнувате во доброто, а не само кога сум присутен меѓу вас.

191 Кор 4,15; 2 Кор 4,10-12; Кол 1,24Чеда мои, за кои сум пак во родилни маки, сѐ додека Христос не се вообличи во вас,

20би сакал сега да бидам присутен меѓу вас и да ви се обратам со поинаков тон, бидејќи сум во недоумица за вас.

Двата завета: Законот кој поробува и благодатта која ослободува

21Кажете ми вие, кои сакате да би­дете под Законот: зарем не го слушате Законот?

221 Мојс 16,15; 21,2Зашто е напишано дека Авраам имаше два сина, еден од слугинката и еден од слободната.

231 Мојс 17,16; Рим 9,7-9Но оној што беше од слугинката, се роди по тело; а оној што беше од сло­бод­ната – по ветување.

24А ова е речено сликовито; бидејќи двете жени се двата завета: едниот од Синај­ската Гора, која раѓа за ропство, а тоа е Агара.

25Зашто Агара е Синајската Гора во Арабија и соодветствува на сегаш­ниот Ерусалим, кој робува со своите чеда;

26Евр 12,22; Откр 3,12; 21,2.10а горниот Ерусалим е слободен: тој е мајка на сите нас.

271 Мојс 21,10; Ис 54,1Зашто е напишано: „Развесели се неплодна, ти што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си искусила ро­дилни маки; бидејќи напуштената има многу повеќе чеда од онаа која има маж.“

28Ние, пак, браќа, сме како Исак, чеда на ветувањето.

291 Мојс 21,9Но, како што тогаш, оној што се роди по тело, го гонеше родениот по дух, така е и сега.

301 Мојс 21,10А што вели Писмото? „Истерај ги слугинката и нејзиниот син, зашто си­нот на слугинката нема да биде наследник заедно со синот на слободната!“

31И така, браќа, ние не сме чеда на слугинката, туку на слободната.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help