1 Дела 15,14; Рим 1,17; Тит 2,13 Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние, кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос примија еднаква вера како и ние:
2Фил 3,8-10; Кол 2,6; 1 Птр 1,2; Јуда 1,2да ви се умножат благодатта и мирот во познавањето на Бога и Исус, нашиот Господ.
Божјиот позив и избор3 Јн 1,14; Ефес 3,16-19; 1 Птр 2,9 Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, преку познанието на Оној Кој нѐ повика преку Својата слава и совршенство,
4Јн 1,12; Дела 17,28; 2 Кор 3,18преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа, откако се оддалечивте од похотната пропадливост во светот;
5затоа, целосно грижејќи се за ова, кон својата вера придодадете ја добродетелта, а кон добродетелта – знаење,
6Гал 5,22-23кон знаењето – воздржување, кон воздржувањето – трпение, кон трпението – благочестие,
7кон благочестието – братољубивост, кон братољубивоста – љубов.
8Зашто, ако овие нешта ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве остават безделни, ниту бесплодни во познанието на нашиот Господ Исус Христос.
9Бидејќи оној што ги нема овие нешта, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од своите стари гревови.
102 Сол 1,11; 1 Јн 3,6Затоа, браќа, уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот повик и избор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да паднете.
11Лк 1,33Зашто така широко ќе ви се отвори влезот во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Верност кон апостолското и пророчко слово12 1 Јн 2,21; Јуда 1,5 Поради тоа секогаш ќе се трудам да ви ги напоменувам овие работи, иако ги знаете, и сте утврдени во сегашната вистина.
13Ис 38,12; Мудр 9,15А сметам дека е праведно, додека сум во ова тело, да ве потсетувам,
14Јн 21,18-19; 2 Кор 5,1бидејќи знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што ми откри нашиот Господ Исус Христос.
15Но, ќе се погрижам, и по мојата смрт, вие секогаш да се потсетувате на овие нешта.
16Лк 9,31-32; Јн 1,14; 1 Кор 15,23Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку самите бевме очевидци на Неговото величие.
17Мт 17,5; Мк 9,2-8Зашто Тој прими чест и слава од Бога Отецот, кога од великолепната Слава до Него дојде ваков глас: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја.“
18И ние го чувме тој глас, што дојде од небото, кога бевме со Него на светата гора.
19Лк 1,7-8; Откр 2,28И така пророчкото слово станува уште поверно за нас; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца.
202 Тим 3,16; 1 Птр 1,11Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот.
21Дела 3,21Зашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале водени од Светиот Дух.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.