1 Тимотеј 2 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Молитва за луѓето на власт

1 Ефес 6,18; Фил 4,6 Пред сѐ, замолувам, да се принесуваат молби, молитви, молитвени застапувања и благодарења за сите луѓе:

2Рим 13,1-7; Тит 3,1за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и спокоен жи­вот во потполно благочестие и достоинство;

31 Птр 3,9бидејќи тоа е добро и угодно пред Бога, нашиот Спасител,

4Ез 18,23; Јн 8,32Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.

5Рим 3,29.30; 1 Кор 8,6; Евр 8,6; 9,15; 12,24Зашто еден е Бог и еден е Пос­ред­ник меѓу Бога и луѓето, Човекот Христос Исус,

6Мт 20,28; 2 Кор 5,15; Гал 1,4; Ефес 5,2; Тит 2,14Кој се даде Себеси како откуп за сите – за сведоштво во свое време;

71,11; Дела 9,15; Гал 2,7-8; 2 Тим 1,11па затоа сум поставен за про­по­ведник и апостол – вистината ја говорам во Христос, не лажам – за учител на незнабошците во верата и вистината.

За мажите и жените

8И така, сакам мажите да се молат на секое место, кревајќи чисти раце без гнев и расправии.

9Ис 3,16; 1 Птр 3,2-4Исто така и жените, да се облекуваат во пристојна облека, да се украсуваат со срамежливост и честитост, не со плетенки, ниту со злато, или со бисери, или со скапоцени облеки,

105,10туку со добри дела, како што им прилега на жени што му се посветуваат на благочестието.

111 Мојс 3,16; 1 Кор 14,34-35Жената нека учи во тишина, во потполна потчинетост.

121 Кор 11,3На жената не ѝ допуштам да по­учува, ниту да господари над мажот, ту­ку нека биде тивка.

131 Мојс 2,18-24; 1 Кор 11,8-9Бидејќи најпрвин беше создаден Адам, а потоа Ева;

141 Мојс 3,6; 2 Кор 11,3и Адам не беше измамен, туку же­ната беше измамена и направи престап.

151 Кор 13,13Но таа ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во вера, во љубов и во светост, со благоразумност.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help