1 Лк 8,15; 1 Кор 9,24; 1 Тим 6,12; 2 Тим 4,7 Затоа и ние, опкружени со толкав облак од сведоци, да отфрлиме од себе секакво бреме и гревот кој лесно се прилепува за нас, и со трпение да побрзаме кон претстојната борба,
213,13; Пс 24,15; 109,1; Фил 2,4.8имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус, Кој, заради радоста што беше пред Него, претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на Божјиот Престол.
3Лк 2,34; Гал 6,9; Откр 2,3Мислете на Оној што од грешниците претрпе такво непријателство против Себе, за да не снеможете и да не станете малодушни!
410,32-36Сѐ уште не сте се спротивставиле до крв во борбата против гревот.
55 Мојс 8,5; Пс 93,12; Изреки 3,11-12; 1 Кор 11,32; Откр 3,19И сте ја заборавиле утехата која вам, како на синови ви зборува: „Сине мој, не презирај ја казната од Господ и не биди малодушен кога те укорува,
6зашто Господ го казнува оној кого го љуби, и го бие секој син што го прима.“
7Изреки 13,25Ако трпите казна, Бог со вас постапува како со синови. Зашто кој е тој син кого таткото не го казнува?
81 Птр 5,9Ако, пак, останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте незаконски деца, а не синови.
94 Мојс 16,22; 27,16; 2 Мак 3,24Ако ги почитувавме нашите телесни татковци кога нѐ казнуваа, тогаш колку повеќе треба да Му се покориме на Отецот на духовите, за да бидеме живи?
103 Мојс 19,2; 2 Птр 1,4Зашто тие нѐ казнуваа за кратко време, како што им се чинело најдобро; а Тој – за наша полза, за да учествуваме во Неговата светост.
112 Кор 4,17; Фил 1,11; Јк 1,2-4; 3,18; 1 Птр 1,6-7Секоја казна во почетокот не изгледа дека е за радост, туку за жалост; но потоа таа им принесува мирен род на праведност на оние што ќе се поучат од неа.
12Ис 35,3; Јов 4,3-4; Изреки 4,26Затоа исправете ги премалените раце и ослабените колена,
13и израмнете ги патеките за нозете свои, та она што е куцо, да не се исчаши, туку, напротив, да се исцели.
Верност кон христијанскиот повик14 Мт 5,8-9; Рим 12,18; 14,19; 2 Тим 2,22; 1 Птр 3,11; 1 Јн 3,2-3 Трудете се да имате мир со сите, и светост, без која никој нема да Го види Господ.
155 Мојс 29,18; Дела 8,23Внимавајте никој да не се лиши од Божјата благодат, да не никне некој горчлив корен и да направи штета, и да ве вознемири и преку него да се осквернат мнозина;
161 Мојс 25,33-34; 26,34да нема меѓу вас некој блудник, или нечестив како Исав, кој за едно јадење се откажа од своето право на првородство.
171 Мојс 27,30-40Зашто знаете дека тој и отпосле, сакајќи да го наследи благословот, беше отфрлен, бидејќи не најде место за покајание, иако го беше барал дури со солзи.
182 Мојс 19,16.18; 5 Мојс 4,11; 5,22-23Вие не пристапивте кон гора што може да се допре и кон разгорен оган, кон облак, мрак и бура,
192 Мојс 19,16.19; 20,18-19; 5 Мојс 4,12; 5,5.25; 18,16и кон трубен звук, и кон глас од зборови, чии слушачи молеа да не им се зборува веќе,
202 Мојс 19,12-13зашто не можеа да го истрпат она што им се заповедаше: „Дури и ѕвер да се допре до гората, со камења нека биде убиен.“
215 Мојс 9,19И глетката беше толку страшна, што и Мојсеј рече: „Треперам од страв!“
2211,10; Ис 24,23; 60,14; Гал 4,26; Откр 5,11; 14,1; 21,2Но вие пристапивте кон гората Сион и кон градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, и кон безбројните ангели, на свечениот собор,
2311,40; 2 Мојс 4,22; Пс 93,2; Лк 10,20; Откр 20,15кон свечениот собор, кон соборот на првородените, кои се запишани на небесата, и кон Бога, Судијата на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совршенство,
247,22; 11,4; 1 Тим 2,5; 1 Птр 1,2и кон Исус, Посредникот на Новиот Завет, и кон крвта за попрскување, која зборува подобро од Авеловата.
252,3; 10,28-29Гледајте да не Го отфрлите Оној што зборува. Зашто, ако не ја избегнаа казната оние што одбија да Му служат на Оној што зборуваше на земјата, тогаш колку повеќе нема да ја избегнеме ние, кои Го отфрламе Оној, што зборува од небесата;
26Агеј 2,6.21
2 Мојс 19,18; Суд 5,4-5; Пс 67,8; Мт 24,29Чиј глас тогаш ја потресе земјата, а Кој сега ветува, велејќи: „Уште еднаш Јас ќе ја потресам не само земјата, туку и небото.“271 Кор 7,31; 2 Птр 3,10-13; 1 Јн 2,17Зборовите „уште еднаш“ означуваат дека колебливото како создадено ќе се промени, за да остане само непоколебливото.
2813,15; Мал 2,5; 3,20; Дан 7,14.18И така, примајќи го непоколебливото царство, да искажеме благодарност со која ќе Му служиме на Бога благоугодно, со благобојазливост и во страв,
295 Мојс 4,24; 9,3; Ис 33,14зашто нашиот Бог е оган што проголтува.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.