1 1,3; 4,14; Пс 109,1; Дела 2,33 А најважното од ова што го зборуваме е дека имаме таков Првосвештеник, Кој седна од десната страна на престолот на Величието на небесата,
29,11.24; 4 Мојс 24,6; Сир 24,10и е служител на светилиштето и на вистинската скинија, која ја постави Господ, а не човек.
35,1.3; 9,14Бидејќи секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа беше потребно и Тој да има што да принесе.
410,8Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свештеници што принесуваат дарови според Законот
59,2.8.23; 10,1; 2 Мојс 25,40; Дела 7,44; Кол 2,17и му служат на она што е само слика и сенка на небесните работи, како што му беше укажано на Мојсеј од Бога, кога ја подигаше скинијата: „Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше покажан на гората.“
67,22А сега Тој доби толку подобра служба, колку што и заветот на којшто е посредник е подобар, зашто е утврден врз подобри ветувања.
Промена на заветот7 7,11.18-19 Зашто, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да има простор за втор.
8Ер 31,31-34Но, укорувајќи ги, вели: „Ете доаѓаат денови, вели Господ, и ќе склучам нов завет со Израилевиот дом и со Јудиниот дом,
9но не таков завет каков што склучив со нивните татковци во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од египетската земја, – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ.
1010,16; 2 Кор 3,3; 6,16Бидејќи ова е заветот што ќе му го дадам на Израилевиот дом во оние денови, вели Господ: ќе ги врежам Своите закони во нивните мисли, и на нивните срца ќе ги напишам, и ќе бидам нивен Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
11Ис 54,13; Авак 2,14И никој веќе нема да го учи својот ближен, и никој својот брат, велејќи: ’Познај Го Господ‘, зашто сите, од мал до голем меѓу нив, ќе Ме знаат,
12бидејќи ќе бидам милостив кон нивните неправди, а за нивните гревови и беззаконијата нема веќе да си спомнувам.“
13Ер 31,31; 2 Кор 3,14; 5,17А кога вели „нов завет“, првиот го прогласува за застарен; а она што е изветвено и остарено, е близу до исчезнување.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.