Матеј 23 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Исус ги укорува книжниците и фарисеите(Мк 12,38-39; Лк 11,37-52; 20,45-46)

1 Лк 20,45 Тогаш Исус им говореше на народот и на Своите ученици,

2велејќи: „На Мојсеевиот стол седнаа книжниците и фарисеите.

35 Мојс 17,10; Мал 2,7-8; Рим 2,17-24Затоа, сѐ што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според нивните дела не постапувајте, зашто тие говорат, но не извршуваат;

411,30; Лк 11,46врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги ставаат врз плеќите на лу­ѓето, а самите не сакаат ниту со прст да ги помрднат.

56,1.5; 4 Мојс 15,37-39; Амос 4,5И сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето; ги прошируваат своите записи и ги продолжуваат ресите на својата облека;

6Лк 14,7сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите,

7и поздрави по пазариштата, и да ги ви­каат луѓето ’Рави, Рави!‘

8А вие немојте да се нарекувате ’Рави‘, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сите сте браќа.

96,9; Мал 2,10И никого на земјата не викајте го свој татко, зашто еден е вашиот Татко – Оној, Кој е на небесата;

10Јн 13,13и немојте да се нарекувате наставници, зашто еден е вашиот Наставник – Христос.

1118,4; 20,26; Мк 9,34-35Но најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга;

12Ис 2,9-17; Изреки 29,23; Лк 14,11; 18,14; Јк 4,10зашто, секој што се воздигнува себеси, ќе биде пони­зен; а тој што се понизува себеси, ќе биде воздигнат.“

Осуда на лицемерите(Мк 12,40; Лк 11,9-52; 20,47)

13 5,20; 11,21; 18,9; Ис 5,8-24; Ер 8,8; Мал 2,8; Лк 11,52 „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате домо­вите на вдовиците и навидум долго се молите; поради тоа ќе добиете поголема осуда.

14Мк 12,40Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто го затворате царството небесно пред луѓето; оти, ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние што сакаат да влезат.

15Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги обиколувате морето и копното за да добиете еден следбеник, и кога тоа ќе се случи, тогаш го правите син на пеколот, двојно поголем од вас.

1615,14; Јн 9,38-41; Рим 2,19Тешко вам, слепи водачи, што велите: ’Ако се заколне некој во хра­мот, не е ништо; но ако се заколне некој во златото на храмот, виновен е.‘

17Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или храмот што го осветува златото?

18Велите и: ’Ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е.‘

19Безумни и слепи! Што е посвето: дарот или жртвеникот што го осветува дарот?

205,33-37А кој ќе се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е на него;

213 Цар 8,13и кој ќе се заколне во храмот, се колне во него и во Оној што живее во него;

225,34; Ис 66,1и кој ќе се заколне во небото, се колне во Божјиот престол и во Оној што седи на него.

233 Мојс 27,30; 5 Мојс 14,22; Ер 5,1; Амос 5,21; Лк 11,42; Рим 3,3Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто давате десеток од на­не, копар и ким, а сте го пренебрегнале нај­важното во Законот: праведноста, ми­лоста и верата; ова требаше да го пра­вите, а и она да не го пропуштате.

24Водачи слепи, вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате!

25Мк 7,4Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги чистите чашата и чинијата однадвор, а внатре тие се полни со грабеж и неправда.

26Јн 9,40Слеп фарисеју, очисти ги чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор.

27Дела 23,3Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто личите на варо­сани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и со секаква нечистотија.

28Лк 16,15Така и вие, однадвор им се пока­жу­вате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.“

Објавата на казната за лицемерите(Лк 11,47-51)

29„Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто им ѕидате гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведните,

30па велите: ’Да живеевме во деновите на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците.‘

31Дела 7,52Со тоа сведочите за себе, дека сте синови на оние што ги убиле пророците.

321 Сол 2,16Дополнете ја и вие мерата на вашите татковци!

333,7; 12,34Змии и рожби аспидини, како ќе побегнете од осудата за во пеколот?

341 Кор 12,28Затоа, ете, Јас праќам кај вас пророци и мудреци и книжници; едни ќе убиете и распнете, а други ќе камшикувате по вашите синагоги и ќе ги прогонувате од град во град;

3527,25; 1 Мојс 4,10; 2 Лет 24,20-22; Откр 16,6; 18,24за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел, па до крвта на Захарија, синот на Варахија, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот.

3624,34Вистина ви велам: сето тоа ќе дојде врз ова поколение!“

Исусовата љубов кон Ерусалим(Лк 13,34-35)

37 21,35; 22,6; Дела 7,59 „Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и со камења ги за­си­пуваш испратените кај тебе! Кол­ку­пати сакав да ги соберам твоите чеда, како квачката што ги собира своите пилиња под крилјата, но вие не сакавте.

38Ер 7,14; 12,7; 22,5; Пс 68,25; Јн 2,19-21Ете, ви се остава пуст вашиот дом.

3921,9; Пс 117,26; Лк 19,38Зашто ви велам: нема да Ме видите од сега додека не кажете: ’Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!‘“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help