Дела 9 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Савловото преобраќање

1А Савле, сѐ уште исполнет со застрашувања и убиства против Господовите ученици, дојде кај прво­свеш­те­ни­кот

28,3; 22,5; 1 Мак 15,15-24и побара од него писма за синагоги­те во Дамаск, па доколку таму најде некои што го следат овој пат, мажи и жени, врзани да ги доведе во Ерусалим.

322,6; 15,8; Гал 1,12.15Но, додека, патувајќи, наближуваше до Дамаск, наеднаш го обзеде светлина од небото,

4и, откако падна на земја, слушна глас што му зборуваше: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“

5Лк 10,16А тој одговори: „Кој си Ти, Го­спо­ди?“ А Господ му рече: „Јас сум Исус, Кого Го гониш.

6Но, стани и влези во градот; и ќе ти се каже што треба да правиш!“

7А луѓето кои го придружуваа, стоеја како занемени, зашто слушаа глас, а никого не гледаа.

8Савле стана од земјата и, иако очите му беа отворени, ништо не гледаше; и водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск.

9И три дена остана слеп, и ништо не јадеше, ниту пиеше.

10Во Дамаск, пак, имаше еден ученик по име Ананија, кому во видение Гос­под му рече: „Ананија!“ А тој одговори: „Еве ме, Господи!“

11Тогаш Господ му рече: „Стани и оди во улицата што се вика Права, и во домот на Јуда побарај го човекот од Тарс, по име Савле; ете, тој се моли,

12и во видение виде еден човек, по име Ананија, како му приоѓа и полага рака на него, за да прогледа“.

13А Ананија одговори: „Господи, од мнозина сум слушал за тој човек колку зло им правел на Твоите светии во Еру­салим;

14Рим 10,12а тој и овде има овластување од првосвештениците да ги врзува сите што го повикуваат Твоето име.“

15Ер 1,10; 1 Кор 1,2Но Господ му рече: „Оди, зашто тој Ми е избран сад, за да го изнесе Моето име пред народи и цареви и пред Израилевите синови.

1615,26; 21,13Зашто Јас ќе му покажам колку тој треба да пострада заради Моето име.“

17А Ананија отиде и влезе во куќата и, откако ги положи своите раце на не­го, рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати за да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.“

18Тов 11,13-15И одеднаш како лушпи да паднаа од неговите очи, и тој прогледа и, кога ста­на, се крсти.

Савле проповеда во Дамаск

19А откако зеде храна, Савле зак­репна. Потоа неколку дена остана со учениците во Дамаск;

20и веднаш по синагогите почна да проповеда дека Исус е Синот Божји.

219,14; Гал 1,13.23И сите што го слушаа, се чудеа и зборуваа: „Не е ли ова оној, кој во Еру­салим ги гонеше оние што го повикуваа тоа име, та затоа и овде дошол за да ги доведе таквите врзани пред првосвештениците?“

2218,28А Савле стануваше сѐ посилен и ги збунуваше Јудејците кои живееја во Дамаск, докажувајќи им дека Овој е Христос.

2320,3.19Кога поминаа доста денови, Јудеј­ци­те се договорија да го убијат.

24Но Савле дозна за нивниот заговор. А тие дење и ноќе ги надгледуваа градските порти за да го убијат.

25Затоа учениците го зедоа ноќе, го ставија во кошница и го спуштија по ѕидот.

Савле во Ерусалим

26А кога пристигна во Ерусалим, Савле настојуваше да им се придружи на учениците; но сите се плашеа од не­го, бидејќи не веруваа дека тој е ученик.

27Но, Варнава го зеде и го одведе кај апостолите, па им раскажа како Савле по патот Го видел Господ, дека му зборувал, а исто така и дека во Дамаск отворено проповедал во името на Исус.

28Рим 15,19Оттогаш тој се движеше со нив во Ерусалим, и смело говореше во името на Господ Ису­с.

29А зборуваше и се препираше исто така и со Евреите што зборуваат грчки, кои се обидуваа да го убијат.

30Штом за тоа разбраа браќата, го од­ведоа во Кесарија и го испратија во Тарс.

312,47; 16,5А црквата по цела Јудеја, Галилеја и Самарија беше во мир, се изградуваше и живееше во стравопочит кон Господ, и се умножуваше со утехата на Светиот Дух.

Оздравувањето на Енеј

32А кога Петар ги посетуваше сите, се случи да сле­зе и кај светиите што живееја во Лида.

33Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој осум години лежел на постела, зашто бил неподвижен.

343,6-7; Мк 2,11И Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те ис­целува. Стани и самиот среди ја постелата!“ И тој веднаш ста­на.

35И сите што живееја во Ли­да и во Сарон го видоа, и се обратија кон Господ.

Воскресението на Тавита во Јопија

36Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи Срна; таа правеше многу добри дела и милостина.

37И токму во тие денови таа се разболе и умре. Тогаш ја измија и ја положија во горната соба.

38Лк 8,41-42А бидејќи Лида беше близу до Јо­пи­ја, учениците, штом слушнаа дека Пе­тар е таму, испратија кај него двајца гласници да го замолат да дојде кај нив што побргу.

39Петар стана и тргна со нив. Кога пристигна, го одведоа во горната соба. И му пристапија сите вдовици, пла­чеј­ќи и покажувајќи му ги туниките и наметките што ги правела Срна додека беше со нив.

40Мк 5,41Петар, откако ги истера сите надвор, клекна на колена, се помоли, па се сврте кон телото и рече: „Тавита, стани!“ Таа ги отвори очите и гледајќи го Петар, седна.

41А тој ѝ подаде рака и ја подигна. Тогаш ги повика светиите и вдовиците и им ја предаде жива.

42И ова се разгласи по цела Јопија, и мнозина поверуваа во Господ.

43А Петар престојуваше долго време во Јопија кај некој кожар Симон.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help