1 во Антиохија, јас отворено му се спротивставив, зашто беше заслужил осудување.
12Дела 10,28; 11,3Имено, пред да пристигнат некои откај Јаков, тој јадеше заедно со незнабошците; а кога дојдоа, почна да се повлекува и да се двои, бидејќи се плашеше од обрезаните.
13Заедно со него лицемереа и останатите Јудејци, што дури и Варнава беше заведен од нивното лицемерие.
142,5А кога видов дека тие не постапуваат правилно според вистината на благовестието, му реков на Петар пред сите: „Кога ти, кој си Јудеец, живееш како незнабошците, а не како Јудејците, зошто тогаш незнабошците ги принудуваш да живеат како Јудејците?“
15Ние по раѓање сме Јудејци, а не грешници од незнабошците.
16Пс 142,2; Дела 15,10-11; Рим 3,20.28; 4,5; 9,30; 11,6; Ефес 2,8Но знаеме дека човекот не се оправдува преку делата на Законот, туку само преку верата во Исус Христос. Затоа и ние поверувавме во Христос Исус, за да се оправдаме преку верата во Христос, а не преку делата на Законот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда.
17Мт 11,19Но ако, барајќи да се оправдаме во Христос, и самите се најдовме грешници, значи ли тоа дека Христос е слуга на гревот? Тоа никако!
18Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш се покажувам себеси како престапник.
19Рим 6,4-11; 14,8Бидејќи јас преку Законот умрев за Законот, за да живеам за Бога.
201,4; Јн 13,1; 17,23; Рим 8,10; Фил 1,21; 1 Тим 2,6; 1 Јн 3,16Се распнав со Христос и веќе не живеам јас, туку Христос живее во мене. А животот што сега го живеам во тело, го живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и се предаде Себеси за мене.
21Не ја отфрлам Божјата благодат; зашто ако праведноста доаѓа преку Законот, тогаш Христос залудно умре.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.