1 Дела 3,2 Минувајќи, виде еден човек, слеп од раѓање.
22 Мојс 20,5; Ез 18,20А Неговите ученици Го прашаа велејќи: „Рави, кој грешел – тој или неговите родители, та се родил слеп?“
35,14; 11,4; Лк 13,2-4Исус одговори: „Ниту тој грешел, ниту неговите родители, туку тоа е за да се покажат Божјите дела врз него.
45,17; 11,9-10Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е ден; настапува ноќ, кога никој не ќе може да работи.
51,4; 8,12; Ис 49,6Додека сум во светот, Јас сум светлина на светот.“
6Мк 7,33; 8,23Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот,
74 Цар 5,10; Ис 8,6; Лк 13,4и му рече: „Оди, измиј се во бањата Силоам!“, што значи „испратен“. Тој отиде, се изми и дојде гледајќи.
8Дела 3,10А соседите и оние, што порано го беа гледале како слеп, рекоа: „Зар не е овој што седеше и просеше?“
9Едни велеа: „Тој е“, а други: „Личи на него.“ Тој, пак, велеше: „Јас сум.“
10Тогаш го прашаа: „Како ти се отворија очите?“
11Тој одговори и рече: „Еден Човек, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: ’Оди во бањата Силоам и измиј се!‘ Отидов, се измив и прогледав.“
12Пак го прашаа: „Каде е Тој?“ Тој рече: „Не знам.“
Фарисеите го испитуваат исцелувањето13 1,24 И го одведоа човекот што некогаш беше слеп кај фарисеите.
145,9; Лк 13,10; 14,1-2А беше сабота кога Исус направи кал и му ги отвори очите.
15Тогаш фарисеите повторно го прашуваа: „Како прогледа?“ Тој им одговори: „Ми стави кал на очите, се измив и сега гледам.“
163,2; 5,16.18; 7,43; 9,31.33; 10,19; 5 Мојс 12,32–13,5Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Овој човек не е од Бога, зашто не ја запазува саботата.“ Други говореа: „Како може грешен човек да прави такви чуда?“ И настана расправија меѓу нив.
177,40; Мт 16,14; 21,46Повторно му рекоа на слепиот: „Ти што велиш за Оној што ти ги отвори очите?“ А тој рече: „Пророк е!“
18Но Јудејците не поверуваа дека тој бил слеп и дека прогледал додека не ги повикаа неговите родители
19и ги прашаа, велејќи: „Дали е овој вашиот син, за кого велите дека се родил слеп? Како, пак, сега гледа?“
20А неговите родители им одговорија и рекоа: „Знаеме дека овој е нашиот син и дека се роди слеп;
21но не знаеме како сега гледа, а не знаеме ни кој му ги отвори очите. Тој е возрасен; прашајте го него, нека ви каже сам за себе!“
227,13; 12,42; 19,38; 20,19; Лк 6,22Неговите родители го рекоа ова бидејќи се плашеа од Јудејците; зашто Јудејците веќе се беа согласиле да биде исклучен од синагогата секој што ќе Го признае за Христос.
23Затоа неговите родители рекоа: „Тој е возрасен, прашајте го него!“
24Ис.Н. 7,19; Откр 11,13Тогаш по вторпат го повикаа човекот што порано беше слеп и му рекоа: „Прослави Го Бога! Ние знаеме дека Оној Човек е грешен!“
25А тој одговори и рече: „Дали е грешен, не знам; едно знам – дека бев слеп, а сега гледам.“
26Па повторно му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“
27Тој им одговори: „Јас веќе ви кажав и не чувте; зошто сакате повторно да чуете? И вие да не сакате да станете Негови ученици?“
285,45А тие го укорија и му рекоа: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви ученици!
297,27-28; 8,14; 2 Мојс 33,11; 4 Мојс 12,2-8Ние знаеме дека на Мојсеј му говорел Бог; а Овој не знаеме од каде е.“
30Човекот одговори и им рече: „Тоа е за чудење, што вие не знаете од каде е, а мене ми ги отвори очите!
31Ис 1,15; Пс 33,15; 65,18; Јов 27,9; Изреки 15,29; 1 Јн 3,21-22Знаеме дека Бог не слуша грешници, но ако некој Го почитува Бога и ја исполнува Неговата волја, него го слуша.
32Откако е векот, не се чуло некој да отворил очи на слепороден.
333,2Да не беше од Бога, не ќе можеше да направи ништо.“
349,2; Пс 50,6Одговорија и му рекоа: „Сиот си роден во гревови, и ти ли нас ќе нѐ учиш?“ И го избркаа надвор.
Духовно слепило35 3,14-15; Мт 8,20 Исус чу дека го избркале надвор, па го најде и му рече: „Веруваш ли ти во Синот Божји?“
36Тој одговори и рече: „А Кој е, Господине, за да верувам во Него?“
374,26Исус му рече: „Си Го видел, Оној што зборува со тебе, Тој е!“
38А тој рече: „Верувам, Господи!“ И падна ничкум пред Него.
393,17; 5,22.27.30; 8,12.15; 12,47; Мт 13,13; Мк 4,11-12Исус рече: „За суд дојдов Јас во овој свет, за да прогледаат оние што не гледаат, а оние што гледаат, да станат слепи.“
40Мт 15,14; 23,16.24.26Го чуја тоа некои од фарисеите што беа со Него, и Му рекоа: „И ние да не сме слепи?“
413,36; 15,22; Изреки 26,12Исус им рече: „Да бевте слепи, грев немаше да имате; а сега велите дека гледате, затоа вашиот грев останува.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.