1 Коринтјаните 2 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Порака за распнатиот Христос

1И јас, браќа, кога дојдов кај вас, не дојдов да ви го соопштам Божјото сведоштво со возвишена беседа или мудрост,

2Гал 6,14бидејќи бев решил да не знам меѓу вас ништо друго освен за Исус Христос, и тоа – Распнатиот.

32 Кор 10,10; 11,30И јас пристапив меѓу вас со немоќ, и страв, и со голем трепет.

44,20; Мт 10,20; Лк 9,1-2; 10,19; Рим 15,19; 2 Кор 6,7; 1 Сол 1,5Моето слово и мојата проповед не се состоеја од уверливи зборови на човечка мудрост, туку во покажувањето на Духот и силата,

5Ефес 1,19; 1 Птр 1,5за вашата вера да не почива на чо­вечка мудрост, туку на Божјата сила.

Божјата мудрост

6 15,24.25; Ефес 6,12; Јк 3,13-18 Па сепак, говориме мудрост меѓу совршените, но мудрост не од овој свет, ниту, од владете­ли­те на овој свет, кои се минливи,

7Ефес 1,9; 3,4.5.9; Кол 1,26-27туку говориме Божја муд­рост, сокриена во таинство, која Бог ја предопределил за на­ша слава пред сите векови,

8Јн 1,10; Дела 13,27која не ја спознал никој од владетелите на овој свет; зашто, ако ја беа спознале, немаше да Го распнат Господ на славата.

9Ис 52,15; 64,3Но, како што е напишано: „Она што око не видело, уво не чуло, ниту до срцето на човек допрело, тоа Бог го пригот­вил за оние што Го љубат.“

10Јов 11,7-8; Изреки 20,27; Дан 2,22А нам тоа Бог ни го откри преку Својот Дух, зашто Духот испитува сѐ, па дури и Божјите длабочини.

11Зашто, кој од луѓето знае што има во човекот, освен човечкиот дух што е во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Духот Божји.

12Јн 16,13; Ефес 1,17Но ние го примивме не духот од овој свет, туку Духот Кој е од Бога, за да го знаеме она што ни е дарувано од Бога;

13Јн 14,26па тоа и го говориме не со збо­рови научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: расудувајќи за духовното на духовен начин.

1415,44-46; Јк 3,15; Јуда 1,19Телесниот човек не го прима она што е од Духот Божји: за него тоа е без­умство; и не може да го разбере, зашто тоа се ис­питува духовно.

1514,24; 1 Јн 2,20Духовниот, пак, испитува сѐ, а тој самиот од никого не е испитуван.

16Ис 40,13; Ер 23,18; Рим 11,34Зашто, кој го спознал умот Гос­по­дов, та да Го поучи? А ние имаме ум Христов.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help