Дела 7 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Беседата на Стефан

1Тогаш првосвештеникот рече: „Точно ли е тоа?“

2Пс 28,3А тој одговори: „Луѓе, браќа и тат­ковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога беше во Месопотамија, уште пред да се насели во Харан,

31 Мојс 12,1; 12,5и му рече: ’Излези од твојата земја и од твојот род, па дојди во земјата што ќе ти ја покажам.‘

4Тогаш тој излезе од Хал­деј­ската земја и се насели во Харан, а оттаму, по смртта на неговиот татко, Бог го пресе­ли во оваа земја, во која вие сега живеете.

51 Мојс 12,7; 13,15; 15,18; 17,8; 24,7; 48,4И во неа не му даде наследство ниту една стапка земја, но вети дека ќе му ја даде нему и на неговото потомство во посед, иако тој уште немаше дете.

61 Мојс 15,13-14; 2 Мојс 3,12И му рече Бог вака: ’Твоите потомци ќе бидат преселени во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четирис­то­ти­ни години.

7Но Jас‘, рече Бог ’ќе му судам на оној народ, кому ќе му робуваат; а потоа тие ќе излезат и ќе Ми служат на ова мес­то‘.

81 Мојс 17,16-27; 21,4И му го даде како завет обрезанието. Потоа од Авраам се роди Исак и тој го обреза во осмиот ден; од Исак се роди Јаков, од Јаков, пак, дванаесетте патри­јар­си.

91 Мојс 37,11.28; 39,2.3.21.23Патријарсите му завидуваа на Јосиф и го продадоа во Египет; но Бог беше со него,

101 Мојс 41,37-39и го избави од сите маки и му подари благодат и мудрост пред фа­раонот, египетскиот цар, кој го постави за началник над Египет и над целиот свој дом.

111 Мојс 41,54; 42,5Тогаш настана глад и голема мака по целата египетска и хананска земја, и нашите татковци не наоѓаа храна.

121 Мојс 42,1-2А Јаков, кога чу дека во Египет има пченица, најпрво таму ги прати нашите тат­ковци.

131 Мојс 45,3-4; 45,16И кога отидоа по вторпат, Јосиф им се откри на браќата и фараонот го за­позна родот на Јосиф.

141 Мојс 45,9-11; 45,18-19; 46,27Тогаш Јосиф прати гласници да го повикаат татко му Јаков и целиот негов род – седумдесет и пет души.

151 Мојс 49,33И така Јаков слезе во Египет, и та­му умреа тој и нашите татковци;

16и ги пренесоа во Сихем, и ги по­ло­жија во гробот, што во Сихем Авраам го беше купил за сребро од синовите на Емор.

17Но како што наближуваше времето за исполнување на ветувањето, за кое Бог му се заколна на Авраам, во Египет се зголемуваше и се намножуваше бројот на луѓето,

182 Мојс 1,8сѐ додека во Египет не завладеа друг цар, кој не го познаваше Јосиф.

192 Мојс 1,10-11.22Тој лукаво постапи со нашиот на­род, ги мачеше нашите татковци, при­силувајќи ги да ги оставаат своите новороденчиња за да не преживеат.

202 Мојс 2,2; Евр 11,23Во тоа време се роди и Мојсеј, кој Му беше мил на Бога и три месеци беше хранет во куќата на својот татко.

212 Мојс 2,3-10А кога беше оставен, него го приб­ра фараоновата ќерка и го одгледа ка­ко свој син.

22И Мојсеј ја научи целата египетска мудрост и беше силен во зборови и во дела.

23А кога навршуваше четириесет го­дини, му дојде при срце да ги посети своите браќа, Израилевите синови.

242 Мојс 2,11-12И кога виде дека еден од нив беше онеправдан, го заштити и се одмазди за измачуваниот, убивајќи го Египќанецот.

25Тој мислеше дека неговите браќа ќе согледаат дека Бог преку неговата рака им дава спасение, но тие не сфатија.

262 Мојс 2,13А на другиот ден, кога некои од нив се тепаа, тој дојде кај нив и сакајќи да ги помири, рече: ’Луѓе, вие сте браќа; зошто се навредувате меѓу себе?‘

27Лк 12,14Но оној што го онеправдуваше својот ближен, го оттурна од себе и му рече: ’Кој те поставил тебе да бидеш началник и судија над нас?

282 Мојс 2,14Да не сакаш и мене да ме уби­еш, како што вчера го уби Егип­ќа­не­цот?‘

292 Мојс 2,15Поради тие зборови Мојсеј побегна и се насели како туѓинец во Мадијамската земја, каде што му се родија два сина.

302 Мојс 3,1-2И кога поминаа четириесет години, му се јави ангел Господов во пустината на Синајската Гора, во огнен пламен на една капина.

312 Мојс 3,4Мојсеј штом виде, се зачуди од тоа видение; и кога се приближи да погледа внимателно, дојде до него гласот Господов:

322 Мојс 3,6’Јас сум Бог на твоите татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јако­вов.‘ Мојсеј се растрепери и не смееше да погледа.

332 Мојс 3,5А Господ му рече: ’Собуј си ги обув­ките од нозете, зашто местото на кое стоиш е света земја!

342 Мојс 3,7.8.10Јас ги видов добро маките на Мојот народ што е во Египет и го слушнав неговото воздивнување; па слегов да го избавам; а сега дојди да те пратам во Египет!‘

352 Мојс 2,14Тој, Мојсеј, кого го беа одбиле, велејќи: ’Кој те поставил тебе за началник и судија‘, него Бог преку раката на ангелот, кој му се јави во капината, го прати за начал­ник и избавител.

362 Мојс 7,3; 14,21; 4 Мојс 14,33Тој ги изведе, правејќи чуда и зна­ци во египетската земја и во Црвеното Море и во пустината во тек на четири­есет години.

373,22; 5 Мојс 18,15Тоа е истиот Мојсеј што им беше ре­кол на Израилевите синови: ’Господ, вашиот Бог, од вашите браќата ќе ви из­дигне Пророк како мене. Него пос­лу­шајте Го!‘.

382 Мојс 19,1-6; 20,1-17; Рим 10,5; Евр 2,2Тоа е оној што на собирот во пусти­на­та беше со ан­гелот кој му зборуваше на Синајската планина, како и со нашите татков­ци; тој прими животворни зборови за да ни ги предаде нам,

397,53; 4 Мојс 14,3и нему нашите татковци не сакаа да му се покорат, туку го отфрлија и со своите срца се свртеа кон Египет,

402 Мојс 32,1.32велејќи му на Арон: ’Направи ни богови што ќе одат пред нас; зашто не знаеме што му стана на овој Мојсеј кој нѐ изведе од египетската земја.‘

412 Мојс 32,4-6И во оние денови си направија лик на те­ле, и му принесоа жртва на идолот и се веселеа пред делото на своите раце.

42Амос 5,25-27

Ер 7,18; 8,2; 19,13Затоа Бог се одврати од нив и ги предаде да му служат на небесното воинство, како што е напишано во книгата на пророците: ’Доме Израилев, Ми прине­совте ли вие заклани животни и жртви во текот на четириесетте години во пус­тината?

43Вие го прифативте шаторот на Молох и ѕвездата на вашиот бог Ремфан, кипови што ги направивте вие за да им се поклонувате: и затоа ќе ве преселам отаде Вавилон.‘

442 Мојс 25,9.40; Евр 8,5Скинијата на сведоштвото беше со нашите татковци во пустината, како што бе­ше заповедал Оној Кој му зборуваше на Мојсеј да ја направи според образецот што го беше видел.

45Ис.Н. 3,14-17; 23,9; 24,18Неа нашите татковци ја примија и со Исус Навин ја внесоа во земјата на незнабошците, кои Бог ги изгони пред лицето на нашите татковци; и така беше сѐ до времето на Давид,

46Пс 131,5кој најде благодат пред Бога и посака да најде живеалиште за Јакововиот Бог.

472 Цар 7,12-16; 3 Цар 6,1.14А Соломон Му изгради дом.

4817,24; Мк 14,58; Евр 9,11.24Но Севишниот не живее во ракот­во­рени храмови, како што вели пророкот;

49Ис 66,1-2’Небото е Мојот престол, а земјата Ми е подножје. Каков дом ќе Ми изградите, вели Господ, или кое мес­то е за Мојата почивка?

50Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘

512 Мојс 33,3.5; 3 Мојс 26,41; 5 Мојс 9,13; Ис 63,10; Ер 4,4; 6,10; 2 Лет 30,7-8Тврдоглави и необрезани во срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како вашите татковци, така и вие.

522 Лет 36,16; Мт 23,34-35; 1 Сол 2,15-16Кого од пророците не го гонеа ва­шите татковци? Тие ги убија оние што го предвестија доаѓањето на Пра­вед­ни­от, чии предавници и убијци сега станавте и вие,

53Гал 3,19; Евр 2,2вие, што го примивте Законот пре­ку ангелско служење, а не го одржавте.“

Каменувањето на Стефан

54Кога го слушаа ова, срцата им се исполнија со гнев и со забите крцкаа на него.

55А Стефан, исполнет со Светиот Дух, погледна кон небото, ја виде Божјата слава и Исус како стои оддесно на Бога,

56Дан 7,13и рече: „Еве, ги гледам небесата от­ворени и Синот Човечки како стои оддесно на Бога.“

57Но тие извикаа со висок глас, ги затворија своите уши и еднодушно се нафрлија на него.

585 Мојс 17,7; Лк 4,29И откако го изведоа надвор од гра­дот, го каменуваа; а сведоците ги оставија своите облеки пред нозете на едно момче, по име Сав­ле.

59Лк 23,46; Пс 30,5И додека фрлаа камења врз Сте­фан, тој се молеше и велеше: „Гос­по­ди Исусе, прими го мојот дух!“

60Па падна на колена, извика со силен глас: „Господи, не примај им го ова за грев!“ И штом го рече тоа, по­чи­на.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help