1 3,14; Рим 8,24-25; 2 Кор 4,18; 5,7 А верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме и убеденост во она што не се гледа.
211,39Преку неа нашите предци добија сведоштво.
31,2; 1 Мојс 1; Пс 32,6.9; Јн 1,3; Рим 1,20; 2 Птр 3,5Преку вера разбираме дека вековите се создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото.
412,24; 1 Мојс 4,4.10; Јов 16,18; Мт 23,35Преку вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите дарови; преку неа тој и по смртта уште зборува.
51 Мојс 5,24; Мудр 4,10; Сир 44,16Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не беше најден, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселувањето тој доби сведоштво дека Му угодил на Бога.
610,35; 2 Мојс 3,14; Ер 29,12-14; Мудр 13,1А без вера е неможно да Му се угоди; бидејќи оние што доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат.
71 Мојс 6,8-9; 6,13–7,1; Рим 3,22; 4,13; 1 Птр 3,20Преку вера Ное, откако му беше укажано од Бога за она што уште не се гледаше, со послушност го направи ковчегот за да го спаси својот дом. Преку неа тој го осуди светот и според верата стана наследник на праведноста.
81 Мојс 12,1-4.7Преку вера Авраам, кога беше повикан, послуша да појде во местото што требаше да го добие во наследство, и тргна, не знаејќи каде оди.
91 Мојс 23,4; 18,1.9; 26,3; 35,12.27Преку вера тој се насели во ветената земја како туѓинец и живееше под шатори со Исак и Јаков, наследници на истото ветување;
1011,16; 12,22; 13,14; Откр 21,2.14.19зашто тој го очекуваше оној град што има цврсти темели, чиј градител и творец е Бог.
111 Мојс 17,19; 21,2; Рим 4,19-20; 1 Кор 10,13Преку вера и самата Сара доби сила да зачне па, и покрај нејзината возраст, роди, зашто Го сметаше за верен Оној што беше ветил.
121 Мојс 15,5; 22,17; 2 Мојс 32,13; Ис 51,2И така од еден, и тоа речиси мртов, се родија толку многу, колку што се ѕвездите на небото и колку што е безбројниот песок на морскиот брег.
131 Мојс 23,4; 3 Мојс 25,23; Пс 38,12; 118,19; 1 Лет 29,15; Мт 13,17; Јн 8,56; Фил 3,20; 1 Птр 1,17; 2,11Сите тие умреа со вера, не добивајќи ги ветувањата, туку само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се туѓинци и придојдени на земјата.
14Бидејќи оние што така зборуваат покажуваат дека бараат татковина.
151 Мојс 24,6-8И ако ја беа имале на ум онаа татковина, од која беа излегле, ќе имаа прилика да се вратат.
1611,10; 2 Мојс 3,6.15; Мк 8,38; Јн 14,2; Ефес 2,19Но сега копнеат за подобра, односно небесна татковина; затоа и Бог не се срами да се нарече нивен Бог; бидејќи им има приготвено град.
171 Мојс 22,1-14; 1 Мак 2,52; Сир 44,20; Јк 2,21Авраам преку вера, кога беше искушуван, го принесе како жртва Исак; тој, што го доби ветувањето, го принесе својот единствен син,
181 Мојс 21,12; Рим 9,7за кого му беше речено: „По Исак ќе ти се нарече потомството“;
19Јн 5,21; Рим 4,17зашто тој сметаше дека Бог може и од мртвите да воскреснува и, така да речам, го прими Исак назад.
201 Мојс 27,27-29; 27,39-40Преку вера Исак ги благослови Јаков и Исав за иднината.
211 Мојс 47,31; 48,15Преку вера Јаков, на умирање, го благослови секого од синовите на Јосиф и „им се поклони, потпирајќи се на врвот од својот жезол.“
221 Мојс 50,24-25Преку вера Јосиф, на умирање, спомна за излегувањето на Израилевите синови од Египет и им даде упатства како да постапат со неговите коски.
232 Мојс 1,16.22; 2,2Преку вера, кога Мојсеј се роди, неговите родители три месеци го криеја, зашто видоа дека детето е убаво, и не се плашеа од царската заповед.
242 Мојс 2,10-11Преку вера Мојсеј, кога порасна, се откажа да се нарече син на фараоновата ќерка
25и повеќе сакаше да страда заедно со Божјиот народ, отколку да ужива во минливите гревовни наслади.
2613,13; Пс 68,9; 88,52Прекорувањето заради Христос го сметаше за поголемо богатство од ризниците на Египет; зашто предвид ја имаше наградата.
272 Мојс 12,50-51; 4 Мојс 12,8; 1 Тим 1,17Преку вера тој го напушти Египет, не плашејќи се од царската јарост, зашто издржа, како да Го гледа Невидливиот.
282 Мојс 12; Мудр 18,25; 1 Кор 10,10Преку вера тој ја прослави Пасхата и изврши попрскување со крв, та истребувачот на првородените да не се допре до нив.
292 Мојс 14,22.27Преку вера поминаа преку Црвеното Море како по суво, а кога тоа се обидоа да го направат и Египќаните, се издавија.
30Ис.Н. 6,13-19Преку вера паднаа ѕидовите на Ерихон, откако беа обиколувани цели седум дена.
31Ис.Н. 2,1; 6,17.23; Јк 2,25Преку вера блудницата Раав не загина заедно со неверниците откако благонаклоно ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат.
32Суд 4–5; 6–8; 11–12; 13–16; 1 Цар 3,20; 16,13И што уште да кажам? Зашто не ќе имам доволно време да кажувам за Гедеон, Варак, Самсон и Јефтај, за Давид и Самоил и за пророците,
336,15; Суд 4,15-16; 7,22; 11,32-33; 14,5-6; 1 Цар 17,34-37; 2 Цар 8,1-3.15; Дан 6,22кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија усти на лавови;
34Суд 16,28; 1 Цар 17,49-52; 30,6; Дан 3,23-25угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;
353 Цар 17,23; 4 Цар 4,36; 2 Мак 6,18–7,42жени своите мртви ги примија воскреснати; други, пак, беа мачени и не прифатија да бидат ослободени, за да добијат подобро воскресение;
36Ер 20; 37,10–38,28; 2 Лет 36,16а други поднесоа исмевања и камшикувања, па дури и окови и затвор;
3713,3; 3 Цар 2,26; 19,10; 4 Цар 1,8; Ер 26,23; 2 Лет 24,21со камења беа убивани, со пила сечени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во оскудност, во маки, во страдање –
381 Цар 23,14.24; 24,1.4.23; 25,2; 26,1; 3 Цар 18,4; 19,4.9тие, за кои светот беше недостоен – скитаа по пустини, по гори, по пештери и јами во земјата.
3911,2.4.13И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното,
4012,23; 1 Птр 1,10-12зашто Бог предвиде нешто подобро за нас: тие без нас да не примат совршенство.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.