2 Коринтјаните 11 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Павле и лажните апостоли

1Ех, да можевте да го потрпите малку моето безумие! Да, потрпете ме!

25 Мојс 4,24; Ос 1,2; Ефес 5,27; Откр 21,2-9Зашто за вас ревнувам со Бож­ја ревност; бидејќи ве свршив за еден маж, та како чиста девица да ве претставам на Христос.

31 Мојс 3,4-13; 1 Тим 2,14Но се плашам да не би, како што змијата со своето лукавство ја измами Ева, така и вашите мисли да се одвратат од вашата искреност кон Христос.

4Гал 1,6-9Зашто, ако некој дојде да про­по­веда друг Исус, кого ние не сме го проповедале; или, ако добиете друг дух, кого не сте го добиле, или друго благовестие, кое не сте го примиле, вие добро би го поднеле.

512,11Но јас мислам дека во ништо не сум помал од надапостолите.

610,10; Дела 18,3; 1 Кор 2,1-5; 9,12Па дури и да сум невешт во говорот, во зна­­ењето не сум. Впрочем, тоа ви го покажавме во сѐ и со сѐ.

7Дела 18,3; 1 Кор 9,18Направив ли грев кога, понизувајќи се себеси за да се издигнете вие, на дар ви го проповедав Божјото благовестие?

88,1-2; Фил 4,10-15Други цркви оштетив, земајќи од нив издршка, за да ви служам вам, и додека бев кај вас, иако бев во оскудност, ни­кому не му бев на товар,

912,13зашто во мојата оскудност ми по­могнаа браќата што дојдоа од Ма­ке­до­нија. Па и во сѐ друго се пазев и ќе се пазам, да не ви бидам на товар.

101 Кор 9,15Христовата вистина е во мене и никој нема да ми ја земе оваа пофалба во ахајските краеви.

11А зошто? Затоа ли што не ве љубам? Бог знае!

122,17; Фил 3,2Но, она што го правам, ќе го пра­вам и понатаму за да не им дадам повод на оние што бараат повод, па да се изедначат со нас во она за кое се фалат.

13Зашто таквите се лажни апостоли, лукави работници, кои се пре­пра­ваат во Христови апостоли.

142 Тим 4,14; 2 Птр 2,1И не е за чудење! Па и самиот са­та­на се преправа во ангел на светлината.

15Па така, и не е големо нешто ако и неговите служители се преправаат како служители на правдата; но крајот ќе им биде според нивните дела.

Маченичка пожртвуваност

16 9,4; 12,6 Повторно велам: никој нека не ме смета за безумен. А и ако ме сметате, барем како безумен примете ме, та и јас малку да се пофалам со нешто.

17Гал 6,13; Фил 3,4А ова што го зборувам со таква одважност во фалењето, не го зборувам според Господ, туку како во безумие.

183,1; Рим 7,5Бидејќи мнозина се фалат по телото, ќе се пофалам и јас.

191 Кор 1,26Зашто и вие, кои сте мудри, љубезно ги поднесувате безумните;

20зашто вие сте трпеливи кога некој ве поробува, кога некој ве јадосува, кога некој ве искористува, кога некој се воздигнува над вас, ако некој ве удира по лице.

21Фил 3,4-6Со срам зборувам дека и ние сме биле слаби. Но ако некој се осмели, во безумство говорам, ќе се осмелам и јас.

22Дела 22,3; Рим 11,1; Гал 1,13-14Евреи ли се? И јас сум! Израилци ли се? И јас сум! Авраамово потомство ли се? И јас сум!

2310,7Христови служители ли се? Во без­умство зборувам: јас сум уште повеќе. Повеќе се трудев, безмерно бев камшикуван, повеќе бев во затвори, често бев во смртна опасност.

245 Мојс 25,2-3Од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар;

25Дела 14,19; 16,22трипати бев тепан со стапови, ед­наш каменуван, трипати претрпев бро­долом, и ноќ и ден поминав во длабоко море;

26Дела 13,50; 20,3многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од разбој­ници, во опасност од сонародници, во опасност од незнабошци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа;

276,5; Дела 20,18-19; 1 Кор 4,11-12; Рим 9,2во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, во студ и во голотија.

28А покрај сѐ друго, тука се уште и секојдневните напади против мене, како и грижата за сите цркви.

291 Кор 9,22Кој изнемоштува, без да изнемош­там и јас? Кој се соблазнува, без да се разжестам јас?

3012,5Ако треба да се фалам, со слабоста своја ќе се пофалам.

31Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој е благословен довека, знае дека не лажам.

32Дела 9,23-25Во Дамаск управителот на цар Аре­та го чуваше градот Дамаск со стража, сакајќи да ме фати 33 и преку прозорец по ѕидот ме спуштија во кош и избегав од неговите раце.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help