1 2,14; Дела 14,23; 15,22; Рим 1,7; 1 Кор 1,2 Павле, Силуан и Тимотеј – до црквата на Солуњаните, која е во Бога Отецот и во Господ Исус Христос: благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!
Животот и верата на Солуњаните2 Рим 1,9; Кол 1,3 Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во нашите молитви, и
3Рим 8,25; 1 Кор 13,13; Откр 2,2непрестајно пред нашиот Бог и Отец го споменуваме делото на вашата вера, трудот на вашата љубов и истрајноста на вашата надеж во нашиот Господ Исус Христос.
4Ис 65,9.22; Лк 18,7; Рим 1,7; 2 Сол 2,13; 1 Птр 1,2Знаеме, возљубени од Бога браќа, дека сте од Него избрани,
5Дела 1,8; Рим 1,16; 15,19бидејќи нашето благовестие кон вас не беше само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и со потполна увереност: сами знаете какви бевме меѓу вас, заради вас.
6Мт 10,18; Мк 13,9; Лк 8,13; 21,12-13; Јн 15,20; Фил 1,14; 3,17И вие станавте подражатели на нас и на Господ, кога во големи маки го примивте словото со радоста од Светиот Дух,
7Рим 15,26; 1 Птр 5,3па така станавте пример за сите верници во Македонија и Ахаја.
8Рим 1,8; 2 Сол 3,1Зашто Господовото слово од вас одекна не само во Македонија и Ахаја, туку и насекаде се пренесе славата за вашата вера во Бога, така што нема потреба ние да зборуваме.
9Ер 10,10; Дела 14,15Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и како од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистински Бог,
10Мт 3,7; Рим 5,9; 1 Кор 1,7; Тит 2,13и да Го очекувате од небесата Неговиот Син, Исус, Кого Тој Го воскресна од мртвите и Кој нѐ избавува од гневот што доаѓа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.