Откровение 8 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Отворање на седмиот печат

1 Авак 2,20; Соф 1,7; Зах 2,13 Кога го отвори седмиот печат, настана тишина на небото околу по­ло­вина час.

24,5; Мт 24,31И ги видов седумте ангела што стоеја пред Бога и им беа дадени седум труби.

35,8; 2 Мојс 30,1-3; Амос 9,1; Пс 140,2И дојде друг ангел што имаше златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му беше даден многу темјан, та со мо­литвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот.

4Пс 140,2Чадот од темјанот, заедно со молит­вите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.

54,5; 11,19; 16,18; 3 Мојс 16,12; Ез 10,2И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фр­ли на земјата, и тогаш се појавија грмотевици и гласови и молњи и зем­јотрес.

Седумте труби

6И седумте ангела што ги држеа седумте труби, се приготвија да затрубат.

7Ез 38,22; Јоил 3,3; Мудр 16,22Првиот затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и беа фрлени на земјата. И една третина од земјата изгоре, и една третина од дрвјата изгореа и сета зелена трева изгоре.

8Ер 51,25Затруби и вториот ангел – и како не­која голема гора, пламната во оган, беше фрлена во морето; и третина од морето се претвори во крв;

9и умре една третина од морските суштества, што имаа душа; и една тре­тина од корабите пропаднаа.

10Ис 14,12И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третината од реките и врз водните извори.

11А името на таа ѕвезда е Пелин. И третина од водите стана како пе­лин, и многу луѓе умреа од водите, би­дејќи тие станаа горки.

126,14; 2 Мојс 10,21-23; Ис 13,10; Ез 32,7-8; Мудр 17; Мт 24,29; Лк 21,25; 23,44-45; Јн 1,5; 5,35Затруби и четвртиот ангел, и беше поразена една третина од сонцето, една третина од месечината и една тре­тина од ѕвездите, за да потемне една третина од нив, и третина од денот, ка­ко и од ноќта, да не свети.

139,12; 11,14; 14,6; Ез 7,5.26И видов и чув еден орел како лета среде небото и вика со силен глас: „Тешко, тешко, тешко на оние што жи­веат по земјата од останатите трубни гла­сови на трите ангела што ќе затрубат!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help