1 Дела 11,30; Кол 3,4 Јас, кој и самиот сум презвитер и сведок на Христовите страдања и учесник во славата, којашто ќе се открие, ги молам презвитерите меѓу вас:
21 Тим 3,8; Тит 1,7пасете го Божјото стадо, кое е со вас, надгледувајќи го не со присила, туку доброволно; не заради срамна печалба, туку со усрдност.
3Јн 13,15-17; 2 Кор 1,24Не како да господарите со народот, туку давајќи му пример на стадото.
41,4; 1 Кор 9,25; Јк 1,12; Откр 2,10А кога ќе се јави Пастироначалникот, ќе го добиете неовенливиот венец на славата.
Понизност и цврстина во верата5 Јов 22,29; Изреки 3,34; Јн 13,14; Јк 4,6; 1 Јн 2,12-14 Така и вие, помладите, покорувајте им се на старешините; а сите, пак, покорувајте се еден на друг за да се облечете во смиреномудрие, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“
6Фил 2,8-9; Јк 4,6-10Понизете се под крепката Божја рака, за да ве воздигне кога ќе дојде времето.
7Пс 54,22; Сир 2,1-8; Мт 6,25Секоја ваша грижа положете ја врз Него, зашто Тој се грижи за вас.
8Ез 22,25; Пс 21,14; Јов 1,7; Мт 5,25; 1 Сол 5,6; 2 Тим 4,17Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта;
9Ефес 6,11-16; 1 Сол 2,14; Јк 4,7спротивете му се, цврсти во верата, знаејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот.
10Рим 8,17.18; 2 Кор 4,17; 1 Сол 2,12А Бог на секоја благодат, Кој ве повика за Својата вечна слава во Христос Исус, по вашето кратко страдање, да ве усоврши, зацврсти, укрепи и направи непоколебливи.
114,11; Откр 1,8; 11,17Нему слава и власт во вечни векови. Амин!
Завршни поздрави12 Дела 15,22 По Силуан, кого го сметам за наш верен брат, ви напишав накратко, за да ве утешам и уверам дека ова, во кое стоите, е вистинската Божја благодат.
13Дела 12,12; Откр 17,5Ве поздравува избраната со вас црква во Вавилон, и мојот син Марко.
142 Кор 13,12Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, што сте во Христос Исус. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.