1 Гал 2,19; Кол 2,20 Не знаете ли, браќа – им зборувам на оние што го познаваат Законот – дека Законот господари над човекот сѐ додека тој живее?
21 Кор 7,39Омажената жена преку Законот е поврзана со мажот, додека тој е жив; но ако мажот умре, таа се ослободува од Законот, кој ја сврзал за мажот.
3Затоа, ако се омажи за друг човек додека ѝ е жив мажот, ќе стане прељубница; но ако мажот умре, таа е слободна од Законот, и нема да биде прељубница, ако се омажи за друг човек.
46,5-6; 2 Кор 5,15; Гал 2,19; Кол 2,14Па така и вие, браќа мои, преку телото Христово се умртвивте за Законот, за да Му припаднете на Друг, на Воскреснатиот од мртвите, та да Му принесеме плод на Бога.
55,21; 6,21; 8,8; Јк 1,15Зашто, кога живеевме според телото, во нашите органи, преку Законот, дејствуваа гревовните страсти, за да ѝ принесуваме плод на смртта;
62 Кор 3,6но сега, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, ние сме ослободени од Законот, за да служиме во новоста на духот, а не во изветвеноста на буквата.
Улогата на Законот7 3,20; 4,15; 13,9; 2 Мојс 20,17; 5 Мојс 5,21 Тогаш, што ќе речеме? Дека Законот е грев? Никако! Напротив, не би го познал гревот преку Законот, а и за страсните желби не ќе знаев ако Законот не велеше: „Не биди похотлив!“
84,15; 1 Кор 15,56; Јк 1,14-15Но гревот, поттикнат од заповедта, предизвика во мене секаква страсна желба; бидејќи без Законот гревот е мртов.
9Некогаш живеев без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживеа,
103 Мојс 18,5; 5 Мојс 4,1; 5,32-33; Ез 20,11јас, пак, умрев, и најдов дека заповедта што беше за живот, всушност е за смрт,
111 Мојс 3,13; 2 Кор 11,3; Евр 3,13зашто гревот, поттикнат од заповедта, ме измами и преку неа ме усмрти.
125 Мојс 4,8; 1 Тим 1,8Така, Законот е свет, и заповедта е света, праведна и добра.
Гревот преовладува во човекот13 5,20 Тогаш, зар доброто за мене стана смрт? Никако! Туку гревот, за да се покаже дека е грев, преку доброто ми предизвикува смрт, та преку заповедта гревот да стане прекумерно грешен.
14Пс 50,4.6; Јов 14,4; Јн 3,6Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот.
15Гал 5,17Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што го сакам, туку она што го мразам, тоа го правам.
16Ако, пак, го правам она што не го сакам, тогаш се согласувам дека Законот е добар.
17Но сега веќе не го правам тоа јас, туку гревот што се вдомил во мене.
187,5Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; бидејќи желба во мене има, но не наоѓам сила да го правам тоа.
19Зашто не го правам доброто, што го сакам, туку злото, што не го сакам, тоа го правам.
20Гал 2,20Ако, пак, го правам она што не го сакам, не го правам веќе јас, туку гревот што живее во мене.
21И така, во себе наоѓам ваков закон: кога сакам да го правам доброто, злото е присутно во мене.
222 Кор 4,16; Ефес 3,16Бидејќи, според својот внатрешен човек наоѓам наслада во Законот Божји,
23Гал 5,16-23.25но во своите телесни делови гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме држи заробен во гревовниот закон, кој е во моите органи.
24Беден човек сум! Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт?
255,21; 6,23; 1 Кор 15,57Му благодарам на Бога преку Исус Христос, нашиот Господ. И така, јас самиот со умот му служам на Божјиот закон, а со телото – на гревовниот закон.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.