Марко 16 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Христовото воскресение(Мт 28,1-8; Лк 24,1-12; Јн 20,1-10)

1 15,40.47; Лк 24,10; Јн 19,40 Штом мина саботата, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и да Го помазаат Исус.

2И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгрева­ше сонцето,

3Јн 11,38-39па си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од гробната врата?“

4И кога погледнаа, видоа дека ка­ме­нот е одвален, а тој беше многу голем.

59,3; Дела 1,10; Откр 7,9.13Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уп­ла­шија.

6Ис.Н. 1,9; Ис 41,10; Мт 17,7; Јн 6,20; Дела 3,15; Откр 1,17А тој им рече: „Не плашете се! Вие Го барате Исус Назареецот, Распнатиот. Тој воскресна, не е овде! Еве го местото каде што Го положија.

714,28; Мт 26,32Но одете, кажете им на Неговите ученици и на Петар дека Тој пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.“

89,6; 1 Кор 2,3Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, зашто се пла­шеа.

Исус ѝ се јавува на Марија Магдалина(Мт 28,9-10; Јн 20,11-18)

9 Лк 8,2 А Исус, кога воскресна рано наутро во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалина, од која беше исте­рал седум демони.

10Лк 24,9Таа отиде и им јави на оние што беа со Него и што плачеа и ридаа.

111 Мојс 45,26; Мт 8,10; 28,17; Лк 24,5.11.23.41Но тие, кога чуја дека е жив и дека таа Го видела, не поверуваа.

Исус им се појавува на двајца ученици(Лк 24,13-35)

12Потоа им се јави во друг лик на двај­ца од нив по пат, кога одеа в село.

13Мт 28,17И штом се вратија, тие им кажаа на останатите; но и ним не им поверуваа.

Исус им се појавува на единаесеттемина Свои ученици(Мт 28,16-20; Лк 24,36-49; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)

14 6,6; Дела 2,14; Рим 9,18; 1 Кор 15,5 Најпосле им се јави на единаесеттемина, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и тврдокорност, зашто не им поверуваа на оние кои Го видоа вос­креснат.

1513,10; Мт 24,14; Кол 1,23Па им рече: „Одете по сиот свет и проповедајте го благовестието на секое создание.

16Јн 3,18.36; Дела 2,38; 16,31Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.

17Дела 2,4; 8,7; 10,46; 19,6; 1 Кор 12,10.30; 14,1-40А знаците, на оние што ќе поверу­ва­ат, ќе им бидат овие: во Моето име ќе истеруваат демони; ќе говорат нови ја­зици;

18Мт 9,18; Лк 10,19; Дела 4,30; 28,3-6; 1 Кор 12,9.27; 1 Тим 4,14; Јк 5,14-15ќе фаќаат змии во рацете и ако нешто смр­то­носно испијат, нема да им наштети; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оз­дра­вуваат.“

Исусовото вознесение(Лк 24,50-53; Дела 1,9-11)

19 Пс 109,1; Мт 22,44; Дела 1,2.11.22; 1 Тим 3,16 А откако им го рече ова, Господ се вознесе на небо и седна од десната стра­на на Бога.

20Дела 14,3; Евр 2,3-4Тие, пак, отидоа и проповедаа на­се­каде; и Господ им содејствуваше и им го поткрепуваше словото со чудата што се јавуваа. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help