1 Рим 11,22 Затоа треба особено да внимаваме на она што го чувме, за да не застраниме.
210,28-29; 12,25; Дела 7,53; Гал 3,19Зашто, ако словото изречено преку ангелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна казна,
3Лк 1,2; 1 Кор 1,6како ли тогаш ќе се извлечеме ако занемариме толку големо спасение кое својот почеток го имаше во проповедта Господова, а ни се потврди од оние што го беа чуле од Него,
4Мк 16,20; 1 Кор 12,4.11; 2 Кор 12,12и кое Бог им го посведочи со знаци и чуда, со разни силни дела и со раздавање дарови преку Светиот Дух по Своја волја.
Предводникот на нашето спасение5Бидејќи идниот свет, за кој зборуваме, Тој не го потчини на ангели
6Пс 8,5-7туку, напротив – некој некаде посведочил велејќи: „Што е човекот, та да си спомнуваш за него, или синот човечки, та да се грижиш за него?
7Си го направил само за малку помал од ангелите, но со слава и чест си го овенчал;
8Мт 22,44; 1 Кор 15,27; Ефес 1,22сѐ си потчинил под неговите нозе.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му остави непотчинето; но сега уште не гледаме дека сѐ му е потчинето.
95,4-10; Дела 3,13; 2 Кор 5,14-15; Фил 2,7-9А гледаме дека Исус, Кој само за малку беше поставен пониско од ангелите, поради страдањето до смрт беше овенчан со слава и чест, за, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите.
102,17; 5,9; 7,28; 12,2; Лк 24,26; Дела 3,15Зашто Нему, поради Кого е сѐ и низ Кого е сѐ, откако многу синови приведе во слава, Му прилегаше преку страдања да Го направи совршен Зачетникот на нивното спасение.
1110,10; 2 Мојс 31,13; Мт 28,10; Јн 17,19; 20,17; Ефес 5,26Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и затоа Исус не се срами да ги нарече браќа,
12Пс 21,22; Јн 17,6велејќи: „Ќе го возвестам Твоето име меѓу Моите браќа, среде соборот ќе Те славам.“
132 Цар 22,3; Ис 8,17.18; 12,2; Јн 10,29И пак: „Јас ќе се надевам на Него.“ И одново: „Ете Ме Мене и децата Мои што Ми ги даде Бог.“
14Мудр 2,24; Јн 1,14; Рим 8,3; 1 Кор 15,50.55; 2 Тим 1,10; 1 Јн 3,8А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот;
15Рим 8,15; Гал 5,1; 2 Тим 1,7па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.
16Ис 41,8-9Зашто јасно е дека Тој не дојде да им помогне на ангелите, туку на Авраамовото потомство;
174,14; 5,2; 3 Мојс 16,10; 1 Цар 2,35; Рим 3,25; Фил 2,7; 1 Јн 2,2; 4,10затоа Тој мораше во сѐ да биде сличен на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите на народот.
184,15Зашто во она во што и Самиот пострада кога беше искушуван, во тоа може да им помогне на искушуваните.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.