Јован 12 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Помазанието Исусово во Витанија(Мт 26,6-13; Мк 14,3-9)

1 Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев!“

14А Исус, наоѓајќи младо магаре, седна на него, како што е напишано:

15Ис 35,4; Зах 9,9„Не плаши се, ќерко Сионова! Еве, твојот Цар доаѓа, седејќи на прле.“

162,22; 14,26; Мк 4,13; Лк 24,45Но на почетокот Неговите ученици не го раз­браа ова. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него и дека тоа Му го направија.

1711,43-44Народот, што беше со Него кога Тој го извика Лазар од гробот и го вос­кресна од мртвите, сведочеше.

18Затоа и народот Го пречека, зашто беа чуле дека Тој го направи тоа чудо.

193,26; 11,47-48; Мк 1,37; Дела 5,28А фарисеите си велеа меѓу себе: „Гледате ли дека ништо не помага? Ете, светот тргна по Него!“

Некои Елини Го бараат Исуса

20 Дела 10,2 Меѓу дојдените за празникот на поклонение имаше и некои Елини.

211,44; 7,34; Лк 19,3; 23,8Тие пристапија кон Филип, кој беше од Витсаида Галилејска, и го молеа, ве­лејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исус.“

22Дојде Филип и му кажа на Андреј, а Андреј и Филип Му кажаа на Исус.

2311,4; 13,1; 17,1; Мт 8,20; Мк 14,35.41Исус, пак, им одговори, велејќи: „Дојде часот да се прослави Синот Чо­вечки.

24Ис 53,10-12; Мт 16,21; Рим 14,9; 1 Кор 15,36Вистина, вистина ви велам: ако пченичното зрно, што паднало на земја, не умре – останува само; а ако умре – многу род носи.

25Мт 16,25; Мк 8,35; Лк 9,24; 14,26; Откр 12,11Оној што го сака својот живот, ќе го загуби; а оној што го мрази својот живот на овој свет, ќе го запази за вечен живот.

2614,3; 17,24; Мт 4,19; 16,24; Мк 8,34; Лк 14,27Ако некој Ми служи Мене, нека врви по Мене; и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот служител. И ако некој Ми служи Мене, него ќе го почитува Отецот.

Исус говори за Својата смрт

27 11,33; 16,21; 18,11; Пс 6,4.5; 41,5.11; Мт 26,38; Евр 5,7-8 Душата сега Ми се нажали, и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час! Но заради тоа дојдов во овој час.

2813,31-32; 17,1-11; Мт 3,17Оче, прослави го Своето име!“ То­гаш дојде глас од небото: „Го прославив, и пак ќе го прославам.“

29Лк 22,43; Дела 23,9А народот што стоеше, кога го чу тоа, велеше: „Загрми!“, други, пак, ре­коа: „Ангел Му зборуваше!“

3011,42Исус одговори и рече: „Овој глас не беше заради Мене, туку заради вас.

313,19; 9,39; 14,30; 16,11; Лк 10,18; Ефес 2,2; Откр 12,9; 20,1-6Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор.

323,14; 8,28; 14,3; Фил 2,9-10И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Се­бе.“

3318,32; 21,19А ова го зборуваше за да покаже со каква смрт ќе умре.

342 Цар 7,16; Ис 9,6; Ез 37,25; Пс 88,4.36; 110,4; Мт 8,20Народот Му одговори: „Од Законот сме слу­ша­ле дека Христос ќе остане довека, а како Ти велиш дека Синот Чо­вечки треба да биде издигнат? Кој е Тој Син Човечки?“

357,33; 8,12; 9,4; Ер 13,16; 1 Јн 2,11Тогаш Исус им рече: „Уште малку време Светлината е со вас; одете додека ја имате Светлината, за да не ве опфати темнина; а оној што оди во темнината, не знае каде оди.

368,59; Лк 16,8; Ефес 5,8; 1 Сол 5,5Додека ја имате Светлината, верувајте во Светлината, за да бидете синови на Светлината!“ Штом го рече тоа, Исус си замина и се сокри од нив.

Неверството на народот

37 2,11; 5 Мојс 29,2-4; Мт 11,20; Рим 10,16; Евр 4,2 И покрај толкуте чудесни знаци, што ги беше направил пред нив, тие не веруваа во Него,

38Ис 53,1; Рим 10,16за да се исполни словото од пророкот Исаија, којшто рече: „Господи, кој ли поверува во она што го слушна од нас? И раката Господова кому му се откри?“

395,44Тие затоа не можеа да поверуваат, зашто Исаија уште вели:

409,39-41; Ис 6,10; Мт 13,13-15; Дела 28,26-27„Ги ослепи нивните очи и ги скамени нивните срца, та со очите да не гледаат и со срцето да не разбираат и да не се обратат за да ги исцелам.“

411,14; 5,39; Ис 6,1Ова Исаија го рече зашто ја беше видел Неговата слава и зборувал за Не­го.

422,23; 7,31; 9,22; 16,1-4; Лк 6,22Но, сепак, дури и од началниците мнозина по­веруваа во Него, само не признаваа заради фарисеите, за да не бидат исклучени од синагогата;

435,44зашто ја засакаа човечката слава повеќе од славата Божја.

Словото на Исус ќе суди

44 5,24; 13,20; Мт 10,40 А Исус гласно извика: „Оној што верува во Мене, не верува во Мене, ту­ку во Оној што Ме пратил,

451,18; 14,9кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној што Ме пратил.

468,12; 9,5Јас – Светлината – дојдов во светот, та никој што верува во Мене да не остане во темнина.

473,17; Лк 6,49; 8,21; 11,28И ако некој ги чуе Моите зборови и не поверува, Јас нема да го судам, заш­то не дојдов за да го судам светот, туку за да го спасам светот.

488,37.47; 5 Мојс 18,18-19; 31,26-29; 1 Сол 4,8Има кој да го суди оној што се откажува од Мене и не ги прима Моите зборови – словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден.

497,17; 8,26.28; 14,10.24Зашто Јас Сам од Себе не зборував; туку Отецот, што Ме прати, Тој Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам.

506,40; 17,2; 1 Птр 4,11И знам дека Неговата заповед е вечен жи­вот. И така, она што Јас го зборувам, го зборувам онака како што Ми рече Отецот.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help