1 2,21; 3,18; Рим 6,2.7 И така, бидејќи Христос пострада за нас во тело, и вие вооружете се со истата мисла; зашто оној што пострадал во тело, тој прекинал со гревот,
22,11; Рим 7,14; 1 Јн 2,16-17та преостанатото време на животот во тело да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја.
31,14; Рим 1,29; Ефес 2,1-3; 4,17-18; Тит 3,3Зашто доволно е што изминатото време од животот ја извршувавте волјата на незнабошците, одејќи во разврат, похоти, пијанство, гозби, опивања и нечестиви идолослуженија.
4Затоа ве хулат, чудејќи се што заедно со нив не итате во тој краен разврат;
5Дела 10,42; 2 Тим 4,1тие ќе одговараат пред Оној Кој е подготвен да им суди на живите и на мртвите.
63,19; Рим 1,9; 2 Кор 5,5Зашто и на мртвите им беше благовестено, та да им биде судено како на луѓе во тело, а да живеат по Бога во духот.
Бодрост во христијанската заедница7 1,5-7; 4,17; Рим 13,11.12; 2 Кор 6,2 Но, се приближи крајот на сѐ, па бидете целомудрени и трезвени во молитвите.
8Изреки 10,12; Тов 12,9; Лк 7,47; Јк 5,20А пред сѐ, имајте усрдна љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“
9Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување.
10Лк 12,42-48; Рим 12,6-8; 1 Кор 12,4-7Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат.
11Рим 9,5; 1 Кор 10,31Ако некој зборува, словата нека му бидат како од Бога; ако некој служи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исус Христос, чија слава и владеење се вечни. Амин!
Блаженството ветено на прогонуваните12 1,7; 3,14 Возљубени, не чудете се на огнот што се случува меѓу вас за да ве искуша, како нешто необично да ви се случува.
13Мт 5,11-12; Рим 5,3-5; Кол 3,4; Јк 1,2-3Но, штом учествувате во Христовите страдања, радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите.
142,20; 3,14.17; Ис 11,2; Пс 88,50.51А ако ве укоруваат поради Христовото име, блажени сте, зашто Духот на славата и Духот Божји почива на вас; тие, значи, хулат на Него, а вие Го прославувате.
15Никој, пак, од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник, ниту како таков што се меша во туѓи работи;
16Дела 11,26но, ако страда како христијанин, да не се срами, туку да Го прославува Бога за таквиот удел.
172,8; Ер 25,29; Лк 23,31; 2 Сол 1,8Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото благовестие?
18Изреки 11,31И кога праведникот одвај се спасува, тогаш каде ќе се јават нечестивите и грешниците!?
19Пс 30,5; Лк 23,46И така, оние што страдаат според волјата Божја, нека Му ги предадат своите души, како на верен Создател, правејќи добро.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.