Дела 12 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Смртта на Јаков; Петар в затвор

1Во тоа време цар Ирод почна да прогонува некои од Црквата, за да им нанесе зло.

2Со меч го уби Јаков, братот на Јо­ва­н.

3А кога виде дека тоа им се допаѓа на Јудејците, го фати и Петар. Тоа беше за време на Бесквасници.

4Лк 22,1Кога го фати него, го фрли в затвор предавајќи го на четири групи по чети­ри војници да го пазат, со намера веднаш по Пасха да го изведе пред народот.

5Јудита 4,9; Лк 22,44-46; Јк 5,16И така, додека Петар го пазеа во затворот, црквата непрестајно Му се молеше на Бога за него.

6Ноќта, спроти денот кога Ирод са­каше да го изведе, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во два синџира, а стражарите пред портата го чуваа затворот.

75,18-24; 9,3; 10,3; Лк 2,9И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во ќелијата. Ангелот го потчукна Петар по ребрата и го раз­буди, па му рече: „Стани брзо!“ И око­вите му паднаа од рацете.

8Тогаш ангелот му рече: „Препашај се и обуј си ги сандалите!“ Така и на­пра­ви. Па му рече: „Облечи ги своите алиш­та­ и дојди по мене!“

9И излезе и тргна по него, а не зна­еше дека тоа, што го направи ангелот, е вистина, туку си мислеше дека има видение.

105,19; 16,26Откако ги изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама. Тие излегоа и преминаа преку ед­на улица, и во тој час ангелот си отиде од него.

11Тогаш Петар, откако дојде на себе, си рече: „Сега знам дека навистина Господ го пратил Својот ангел да ме избави од рацете на Ирод и од сѐ, што очекуваше јудејскиот народ.“

12Сфаќајќи го тоа, тој дојде до куќата на Марија, мајката на Јован, наречен Марко, каде што беа собрани многумина и се молеа.

13А кога Петар затропа на портата, слугинката по име Рода пријде да нас­лушне.

14И, штом го позна гласот на Петар, таа од радост не ја отвори капијата, туку се втрча и јави дека Петар стои пред капијата.

15Мт 18,10А тие ѝ рекоа: „Ти си луда!“ Но таа настојуваше дека тоа е така. А тие велеа: „Тоа сигурно е неговиот ангел.“

16Петар, пак, постојано чукаше. А кога му отворија, го видоа и се зачудија многу.

1713,16; 15,13; 1 Кор 15,7Тој им мавна со раката да молчат, а потоа им раскажа како Господ го извел од затворот, и рече: „Соопштете им за ова на Јаков и на браќата!“ Потоа из­ле­зе и отиде на друго место.

185,21-23Утредента меѓу војниците настана голема вознемиреност поради тоа што се случило со Петар.

1916,27А Ирод, кога го побара и не успеа да го пронајде, ги ис­пита стражарите и заповеда да ги погубат, па слезе од Јудеја во Кеса­рија, и таму се задржа.

Смртта на Ирод

20Ирод беше гневен на Тирците и Си­донците. Но тие, бидејќи нивните земји добиваа храна од неговото царство, се договорија и дојдоа кај него еднодушни, и откако го придобија на своја страна царевиот собар Власт, побараа мир.

21Во договорениот ден Ирод се облече во царска облека, седна на престолот и одржа говор пред народот.

2214,15; 28,6А народот воскликнуваше: „Ова е глас Божји, а не човечки.“

231 Цар 25,38; 2 Цар 24,16-17; 4 Цар 19,35Но ненадејно во истиот миг го порази ангел Господов, зашто не Му воздаде слава на Бога и изеден од цр­ви, тој умре.

246,7; 19,20А словото Божјо сѐ повеќе растеше и се распространуваше.

2511,29Варнава и Савле, откако го исполнија задолжението, се вратија од Ерусалим, а со себе го зедоа и Јован, наречен Марко.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help