1 Ез 34,2; Мк 6,34 „Вистина, вистина ви велам: оној што не влегува низ вратата во овчото трло, туку прескокнува од друга страна, тој е крадец и разбојник;
2Мих 2,12а оној што влегува низ вратата, тој е пастир на овците;
3Пс 94,7нему вратарот му отвора и овците го слушаат неговиот глас, тој ги вика своите овци по име и ги изведува.
410,27И кога ќе ги изведе своите овци, оди пред нив, а овците врват по него, бидејќи го познаваат неговиот глас;
5а по туѓинец никако не врват, туку бегаат од него, зашто гласот на туѓиот не го познаваат.“
616,25Исус им ја кажа оваа парабола, но тие не разбраа што беше тоа што им говореше.
7Пс 117,20Тогаш Исус повторно им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата на овците.
8Ер 23,1-2; Ез 34,2-3Сите што дојдоа пред Мене се крадци и разбојници; но овците не ги послушаа.
91 Мојс 28,17; Мт 7,13-14; 25,10; Лк 11,52Јас сум вратата; ако некој влезе низ Мене, ќе се спаси, и ќе влезе, и ќе излезе и пасиште ќе најде.
10Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да уништи. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие.
1115,13; Ис 40,11; Ез 34,15; 37,24; Пс 22,1; Мт 9,36; 18,12-14; 25,32; Евр 13,20; 1 Јн 3,16; Откр 7,17Јас сум добриот пастир. Добриот пастир си го полага животот за овците;
12Ер 10,21; 23,1; Зах 11,17; Дела 20,29а наемникот, којшто не е пастир и не е стопан на овците, ако види дека доаѓа волк, ги остава овците и бега; и волкот ги разграбува и ги распрснува овците.
13Наемникот бега, зашто е наемник, и не се грижи за овците.
1410,27; 1 Кор 8,2-3; Гал 4,9; 2 Тим 2,19Јас сум добриот Пастир; и ги знам Моите и Моите Ме знаат Мене.
15Мт 11,27Како што Отецот Ме познава Мене, така и Јас Го познавам Отецот; и Својот живот го полагам за овците.
1611,52; 17,20; Ис 56,8; Ер 23,3; 31,10; Ез 34,23; Мих 2,12-13; Гал 3,28; 1 Птр 2,25И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат Мојот глас и ќе бидат едно стадо и еден пастир.
1715,13; Фил 2,8-9; 1 Јн 3,16Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас Својот живот го полагам, за повторно да го примам.
181,4; 14,31; 15,10Никој не Ми го одзема, туку Јас Сам од Себе го давам. Имам власт да го дадам, а имам власт и пак да си го земам. Оваа заповед ја примив од Својот Отец.“
197,43; 9,16И повторно настана расправија меѓу Јудејците поради овие зборови.
207,20; Мк 3,22; Дела 26,24Мнозина од нив велеа: „Демон има и не е при Себе. Зошто Го слушате?“
219,32; 2 Мојс 4,11Други велеа: „Ова не се зборови на демоноопседнат; може ли демон на слеп да му отвори очи?“
Свечена изјава и обвинување за хулење22 1 Мак 4,36-59 Тогаш во Ерусалим беше празникот Обновување на храмот и беше зима.
23Дела 3,11; 5,12Исус одеше по Соломоновиот трем од храмот.
248,25; Лк 22,67А Јудејците Го опколија и Му рекоа: „До кога ќе ни ја мачиш душата? Ако си Ти Христос, кажи ни отворено!“
255,36; 10,38Исус им одговори: „Ви реков и не верувате. Делата што Јас ги вршам во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене.
266,64; 8,45; Изреки 28,5; 1 Кор 2,14Но вие не верувате, бидејќи не сте од Моите овци, како што ви реков.
2710,3-4Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие Ме следат
283,16; 6,39; 17,2.12; 18,9; Рим 8,33-39и Јас им давам вечен живот; и нема да загинат довека; и никој нема да ги грабне од Мојата рака.
2917,24; Ис 43,13; 49,2Мојот Отец, Којшто Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец.
301,1; 17,11.21Јас и Отецот сме едно.“
318,59; 11,8А Јудејците повторно зедоа камења за да Го каменуваат.
32Исус им одговори: „Многу добри дела ви покажав од Мојот Отец; за кое од тие дела Ме каменувате?“
335,18; 3 Мојс 24,16; Мт 9,3; Мк 14,64 Јудејците Му одговорија, велејќи: „Не Те каменуваме за добро дело, туку за богохулство, зашто Ти, иако си човек, се правиш Себеси Бог.“
347,49; Пс 81,6; Рим 3,19; 1 Кор 8,5Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ’Јас реков: богови сте?‘
35Мт 5,18; Лк 16,17Ако Тој ги нарече богови оние кон кои беше упатено словото Божјо, а Писмото не може да се укине,
366,69; 17,17-19; Ер 1,5; Сир 49,7тогаш зошто на Оној, Кого Отецот Го освети и Го прати во светот, вие Му велите: ’Богохулиш?‘ Зар затоа што реков: ’Јас сум Син Божји‘?
37Ако не ги вршам делата на Мојот Отец, не верувајте Ми;
382,11; 14,10-11; 17,21ако, пак, ги вршам, дури и да не Ми верувате Мене, на Моите дела поверувајте – за да разберете и да поверувате дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него.“
397,30.44Тогаш повторно сакаа да Го фатат, но Тој им се истргна од рацете
401,28; Мт 19,1и пак отиде отаде Јордан, на местото на кое порано Јован крштеваше, и остана таму.
411,29.34Мнозина дојдоа кај Него и говореа: „Јован не направи ниедно чудо, но сѐ што Јован рече за Него, беше вистина.“
427,31И таму мнозина поверуваа во Него.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.